Македонија
(Видео) Руски комичари разговарале телефонски со Заев претставувајќи се како Порошенко и Столтенберг
Руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател Петро Порошенко разговараат со македонскиот премиер Зоран Заев.
Во разговорот комичарите зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Прошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“. Комичарите од името на Порошенко на Заев му нудат помош украинскиот претседател да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Заев со комичарите разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.
Во еден разговор тие го вклучуваат и „генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг“.
Руските комичари во минатото лажно претставувајќи се разговарале и со украинскиот претседател Порошенко, британскиот министер Борис Џонсон, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, францускиот претседател Емануел Макрон и други јавни личности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)
Македонија
Директорот на БЈБ Јанев во градскиот парк во Скопје на одбележување на Светскиот ден на жртвите во сообраќајот
Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Горан Ангеловски во градскиот парк во Скопје го одбележаа Светскиот ден на жртвите во сообраќајот, оддавајќи им почит на сите кои ги загубија своите животи на патиштата. Директорот Јанев истакна дека нашите сообраќајници секојдневно се неми сведоци на трагедии кои зад себе оставаат болка, празнина и семејства што никогаш нема да бидат исти.
„Тие животи не се бројки. Тоа се имиња, лица и индивидуални приказни што предвреме завршиле. Не смееме да дозволиме македонските патишта да станат поголемо бојно поле по згаснати животи отколку реалните воени конфликти. Токму затоа сите ние како граѓани, родители, возачи, како дел од општеството и како институции имаме заедничка обврска да ја подигнеме свеста, да влијаеме со личен пример и со секојдневни разговори да градиме подобра сообраќајна култура“, истакна директорот Јанев, додавајќи дека полицијата е само една алка од целиот систем.
„Нашата улога е важна, но недоволна ако секој од нас не преземе свој дел од одговорноста. Почитувањето на правилата, внимателноста, едукацијата на најмладите и одговорното учество во сообраќајот се чекори што мора да ги правиме заедно. Не треба да чекаме некој друг да направи нешто за нас. Секој од нас има моќ да спречи трагедија, да спаси живот, да придонесе кон побезбедно утре“, дециден беше Јанев.
Претседателот на РСБСП на настанот посочи дека денес, со болка и длабока почит, го одбележуваме Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
„Овој ден не е само момент на тага тој е и повик. Повик до сите нас граѓани, возачи, институции да се соочиме со реалноста што секојдневно ги носи овие загуби. Секој живот изгубен на патот е трагедија што остава длабоки лузни не само во семејствата, туку и во целото општество. Не е доволно само да жалиме, треба да делуваме“ рече Ангеловски.
Директорот Јанев заедно со претседателот на РСБСП Ангеловски заедно заклучија дека не смее да се дозволи патиштата да продолжат да бидат сведоци на предвреме згаснати животи. Во таа насока беше потенциорано дека сообраќајната култура, безбедност и одговорност се заедничка мисија и само заедно може да се направи промена.

