Македонија
Меѓувладин состанок за унапредување на правата на малцинствата на Македонците и Хрватите
Се унапредуваат правата на Хрватите во Република Северна Македонија и правата на Македонците во Република Хрватска. Сето ова како резултат на честите меѓувладини состаноци. Ова е заклучокот од средбата на 4-та заедничка Меѓувладина мешовита комисија за спроведување на Договорот за заштита на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство во Северна Македонија, што се одржа денеска во Загреб, Хрватска.
Делегацијата на Република Северна Македонија беше предводена од министерот за дијаспора, Едмонд Адеми. Адеми ги пофали напорите на Хрватска за поддршка на проектите на македонското малцинство.
„Ние чекориме напред во областа на правата на малцинствата. Ние сме во постојана комуникација со Хрватите во Северна Македонија. Има уште да се работи во овој правец. Денешните препораки ќе придонесат повеќе да напредуваме“, рече министерот Едмонд Адеми.
Делегацијата на хрватската влада ја предводи Звонко Милас – државен секретар на Централната канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска. Милас ги издвои континуираните напори на владата на Република Северна Македонија во областа на правата на малцинствата, со акцент Хрватите, охрабрувајќи ги да се продолжи понатаму и во иднина.
„Препораките од претходните средби резултираа со позитивни чекори. Честите средби покажуваат интерес од страна на македонската влада процесот да оди напред“, истакна Милас.
Состаноците на ММК излегуваат од договорот на двете држави, потпишан во 2007 година, Сплит.
Петтиот состанок ќе се оддржува во Скопје во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото
Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип, манипулација на сите три фази на броилото, велат од Електродистрибуција.
Од таму додаваат дека е направен записник за неовластено користење и дека е поднесена Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ, како и дека е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари.
Случајот е документиран од страна на Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Велес
Сообраќајот на патниот правец Градско – Велес, кој беше во прекин поради незгода, во 11:30 часот e пуштен во двата правци, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До крајот на неделата следува период на променливо обчачно време со повремени врнежи од дожд
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни (15-25 l/m2). Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

