Македонија
Град Скопје набави шест ековозила за администрацијата во вредност од 6,3 милиони денари
Градот Скопје денеска ги промовираше новите хибридни возила што се набавени за потребите на градската администрација со цел, како што велат од Град Скопје, да бидат пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.
„Исполнуваме уште едно од предизборните ветувања, дека Градот Скопје и градската администрацијата ќе бидат пример и стимулатор на еколошкиот начин на живеење. Имено, Град Скопје, за потребите на градската администрација набави шест нови хибридни автомобили од марката ‘тојота јарис’ во вкупен износ од 6,3 милиони денари со вклучен ДДВ. Со тоа го обновуваме остарениот возен парк на градската администрација. Последната набавка на возила во Град Скопје била извршена во 2012 година кога биле набавени дизел-автомобили ‘форд фиеста’, кои се нееколошки возила“, рече градоначалникот Шилегов, на промоцијата на новите ековозила.


Тој објасни дека емисиите на CO2 кај новите хибридни возила изнесуваат околу 4,8 g/km, а потрошувачката на гориво (бензин) изнесува 3,7 литри за 100 километри со што ќе се прават сериозни заштеди во однос на одржувањето. Возилата се набавени со гарантен период од 6 години или 200.000 километри.
„Додека ја предводам градската администрација сите возила што ќе ги набавуваме за нејзините потреби ќе бидат на електричен или на хибриден погон. Градот Скопје упатува порака кон граѓаните дека сите мораме да ја штитиме животната средина и преку вакви примери да придонесеме да се намали аерозагадувањето од сообраќајот“, порача Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

