Македонија
Димитров на неформален министерски состанок на ОБСЕ во Словачка
Жозеп Борел, кој е номиниран за функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, даде поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Борел се сретнал со министерот Никола Димитров во Високите Татри, Словачка, каде вчера и денеска се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ОБСЕ.
Шпанија на состанокот со Димитров ги поздравила досегашните напори и фокусот на реформските процеси, вклучително и на финализацијата на НАТО-членството. На средбата станало збор и за состојбите во регионот, при што заеднички било заклучено дека неговата иднина припаѓа во Европската Унија, со што ќе се заврши процесот на европското обединување.
Целта на конференцијата е да се поттикне дискусијата за зајакнување на улогата на организацијата како главен превентивен механизам во регионот на ОБСЕ, да се мобилизира политичката волја за искористување на постојните инструменти за разрешување на долготрајните и новите предизвици и кризи, како и да се зајакне дијалогот за местото и придонесот на ОБСЕ во структурата на мултилатералните организации.
Димитров повика на демонстрирање на политичка волја за разрешување, низ дијалог и соодветна интерпретација на консензусот во одлучувањето, на низа сериозни прашања на агендата на ОБСЕ, за кои сите држави имаат споделена одговорност.
Тој оствари средби и со генералниот секретар на ОБСЕ, Гремингер, понатаму со австрискиот МНР Александер Шаленберг и со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на Стејт департмент, Филип Рикер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

