Македонија
Општина Битола: Ќе го обновиме домот Копанки

Донесувањето на решение за делумно поништување на претходно донeсеното решение со кое сопственоста на објектот Копанки е утврдена на ПСК Пелистер, не претставува никаков обид за влијание и притисок. Напротив, значи спроведување на законска процедура која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Решението е донесено по целосна анализа од страна на стручните служби на Општина Битола на процесот на легализација на домот Копанки, соопшти Општина Битола.
Како што се наведува во соопштението, стручните служби заклучиле дека решението со кое е утврден правосилниот статус на домот Копанки е делумно ништовен. Во водената управна постапка е утврдено дека е прекршен Законот за постапување со бесправни објекти, во делот на впишување на сопственост.
,,Целата постапка е водена во функција на интензивирање на обновата на опожарениот дом, бидејќи досегашната динамика не дава сигурност за целосно завршување на процесот. Целта на локалната самоуправа е со донесување на ова решение и со конкретно испланиран буџет да се инвестира во планинарскиот дом Копанки. Токму моралната одговорност е една од причините за инвестиција во објектот Копанки, кој што е во интерес на сите граѓани. Општина Битола ќе ги почитува одлуките на органите и институциите во државата. Копанки било и ќе биде на битолчани”, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.