Забава
Цедела лимони и отишла да се сонча, потоа плачела од болка
Професионалната шминкерка Амбер Препчук од Едмонтон, Канада, во средината на јуни отишла со пријателите во колиба во близина на езеро. Во кујната таа исцедила 18 лимони за маргарита, со тоа што првите десетина ги цедела рачно додека да ја најде цедалката. Потоа малку ги измила рацете и излегла надвор да се сонча и да плива со пријателите. Два дена подоцна таа се разбудила во агонија поради ужасните изгореници на рацете.
Posted by Amber Victoria Prepchuk on Недела, 19 април 2015
„Се разбудив буквално плачејќи од болка. Ми се чинеше дека кожата ми врие однатре. Беше ужасно“, изјави таа за „Дејли мејл“.
Амбер Препчук, очигледно, страда од фотодерматитис, хемиска реакција на кожата предизвикана од хемикалии кои содржат лимонска киселина (или лимета, како и целер и магдонос), што го подобрува дејството на УВ-зраците. Таквата реакција е ретка, но некои луѓе се почувствителни.
After making a round of margaritas by the lake, Amber Prepchuk said the next day she woke up with blisters so severe a doctor told her they were first degree burns. https://t.co/xCq3Xi95zl pic.twitter.com/rITydgVQX4
— World Health News (@WorldHealthNews) July 7, 2019
Амбер порано немала слушнато дека кожата може да реагира на сок од лимон под дејство на сончевите зраци, а ни нејзиниот доктор, па затоа ја отфрлил можноста за изгореници или алергиска реакција. Сепак, ѝ пропишал лекови против болка, кои ги пиела една недела за да ја ублажи болката, а раните ѝ ги замотал со завои, за да се заштити од инфекција.
Неколку недели таа одела на превиткување, третмани на кожата со витамин Е, сушење и отстранување на мртвата кожа. Сега користи витамин Е, силна заштита од сонце и дневен хидратантен крем и се чини дека ѝ помага.
Амбер ги советува сите по цедење сок од лимета или лимон да си ги мијат рацете со сапун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот.
Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината.
Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност:
● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи размена.
● Да го растеретат домот: Ослободете се од предмети кои долго не сте ги користеле.
● Да израдуваат некој друг: Вашиот стар предмет може да биде нечие ново „богатство“.
● Да се поврзат: Запознајте истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.
Како функционира процесот? Системот на размена е едноставен и фер:
1. Секој учесник може да донесе до 5 предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).
2. За секој донесен предмет се добива купон за размена.
3. Со купонот, учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници.
Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера.
„Многу сум среќна што во мојот град има толку многу луѓе што ја препознаа целта на Еко-трампата. Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи еко практики избегнувајќи го конзумеризмот и отварајќи се за наша поубава иднина. Првата Еко-трампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа“, вели Милијана Богданоска, правник за животна средина во Еко-свест.
Таа ги покани сите граѓани да се придружат, да ја негуваат културата на повторна употреба и заедно да направиме нешто добро за нашата планета и нашето општество.
Забава
(Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант.
„Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“
По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда!
„Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично.
Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за тоа како се чувствувала по третиот развод.
„По третиот развод, луѓето почнаа да велат: Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“, се присети актерката. „Затоа избегнував да давам интервјуа речиси десет години бидејќи ми здодеа истата приказна. Секогаш се сведуваше на: Кутрата Хали, повторно нема среќа во љубовта.“
Забава
(Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз.
Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан.
Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се чини дека полека ги освојуваат жените низ целиот свет.
Се чини дека Марго Роби веќе ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
Креацијата е украсена со корсет направен во викторијански стил, како и со проѕирна ткаенина.
Деталите беа исто така интересни, имено, рачно изработени зелени конци кои се протегаа по целата должина на фустанот, сè до вратот.
Фустанот ја нагласи нејзината завидна фигура, а што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за земјени тонови и пунџа што ги истакна нејзините природни црти на лицето.

