Македонија
Милевски: Процесот на децентрализација треба да продолжи
На покана на претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Петре Шилегов, на денешната, единаесетта седница на Управниот одбор на ЗЕЛС присуствуваше и новиот министер за локална самоуправа, Горан Милевски. На состанокот, тој беше запознаен со генералните ставовина локалните власти, во насока на преземањето на следните активности за продолжување на децентрализацијата во земјата и нивно заокружување до 1 јануари, 2020 година.
Министерот Милевски информираше дека во разговорите со премиерот при преземањето на функцијата министер за локална самоуправа ги потврдиле ставовите дека процесот на децентрализација треба да продолжи во областите во кои што веќе има создадено услови, за да се обезбеди поголема финансиска оддржливост и функционалност на општините.
„Од мое лично искуство, како поранешен член на општински Совет, сметам дека навистина има простор за сериозни промени во финансирањето, како и во организирањето на локалната самоуправа. Со оглед дека постои расположение одредени надлежности да се пренесат уште од 1 јануари, 2020 година, следниот период ни претстои интензивна работа, која бара поголема оперативност и ефикасност од сите нас“, рече Милевски.
Промените кои треба да бидат опфатени во овој процес на продолжување на децентрализацијата на власта, а кои беа посочени на седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС начелно ќе се движат во три насоки. Првиот и клучниот се однесува на обезбедувањето на поголема финансиска независност на локалната власт. Јасно беше порачано дека општините нема да прифатат нови надлежности доколку првенствено не се обезбеди стабилизирање на финансиското работење на локалната власт и нејзините институции и дека нема да бидат прифатени нови надлежности без обезбедување на адекватни финансиски средства за нивна реализација.
Вториот пакет ќе биде насочен кон утврдување на можностите за преземање на нови надлежности и нивно попрецизно дефинирање и третиот пакет би се однесувал на организациската поставеност на работењето на локалната власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

