Свет
Во Вашингтон регистрирани два земјотреса за само неколку минути
Американскиот геолошки институт објави дека земјотрес од 4,6 степени по Рихтер ја погодил областа Три езера во сојузната држава Вашингтон.
Агенцијата АП објави дека само по неколку минути од овој земјотрес, уште еден послаб, со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван во близина на градот Монро, 48 километри североисточно од Сиетл.
Засега нема извештаи за оштетувања или повредени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.
Свет
(Фото) Нарачале бифтеци и двојни десерти, испиле 15 шишиња вино и избегале без да ја платат сметката од 380 евра
Италијански ресторан обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.
Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.
На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.
Плаќањето беше одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во ресторанот додека таа „тргнала по друга картичка“, пишува Дејли мејл.
Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.
„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјави менаџерот Тајрон Рис.
Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“.
Случајот подоцна го пријавил во полиција.
Свет
(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат
Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи.
Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв во текот на денот.
Стотици домови се оштетени, а речиси 10.000 луѓе се без струја по торнадото што избувна низ делови од Омаха, Небраска.
Tornado that hit Elkhorn, NE. #tornado #elkhorn #ne #omaha pic.twitter.com/7nqKSGdYZV
— Alex freed (@freezymfe) April 27, 2024
Регистрирани се неколку торнада, но најпогодени се северозападните предградија на градот со 485.000 жители.
Tornado damage in Iowa 🇺🇸 pic.twitter.com/RBv3lJm1sw
— The Watchman (@nspiass) April 27, 2024
Националната метеоролошка служба претходно соопшти дека вителот се формирал северно од Вејверли и се движел североисточно нешто по 15 часот.
— Pluton (@Pluton45873221) April 27, 2024
Торнада беа забележани и во Ајова, Канзас, Вајоминг и Колорадо.
На источната страна на државата се очекува да се развијат други бури, кои ќе донесат повеќе можни торнада и обилни врнежи од дожд.