Македонија
(Видео) Опозицијата бара оставка од Спасовски: Никој не одговара за грабежите на банките и бомбата во Прилеп
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција го прозва Министерството за внатрешни работи, порачувајќи дека откако на чело на институцијата е министерот Оливер Спасовски, се случиле дестина тешки грабежи и неколку опљачкани банки, а ниту еден расветлен случај.
Ѓорѓиевски подвлече дека криминалците се слободни да прават дрски кривични дела сред бел ден, а за тоа не одговара никој од нив.
„За неполни два месеци само од ‘Тутунска банка’ на најбрутален начин се украдени 250 000 евра, а групата е оставена слободно да бира каде ќе удри следниот пат, бидејќи Спасовски ништо не презема против нив. Замислете, се уште е на слобода група која со калашникови ограбува среде бел ден и министерот мува не го лази. МВР нема преземено ништо. Никој не знае каде заминал џипот со ЦОЛ таблички со кој избегале разбојниците, ниту кој им помогнал. Никој не знае ни дали парите се изнесени од државата или пуштени во промет на територија на Република Македонија“, изјави Ѓорѓиевски.
Од опозицијата се осврнаа и на случајот од пред неколку дена во центарот на Прилеп, кога беше е фрлена бомба во кафуле.
„Сторителите и во овој случај се уште не се откриени. Спасовски или е целосно неспособен да преземе акција или пак е во коалиција со криминалното подземје, трето нема. Што и да е, Спасовски мора да си оди. Оставка мора од негова страна и тоа веднаш“, порача Ѓорѓиевски пред новинарите.
Тој додаде дека партизацијата на МВР е евидентна и е спротивна од професионализацијата и она што навистина им е потребно на граѓаните чијашто безбедност треба да е основен приоритет на министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

