Свет
(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протест во Хонг Конг

Неколку илјади луѓе протестираа во Хонг Конг против кинеските трговци, при што дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите.
“He fell on the floor and was beaten by 8 policemen, resulting into head wound, blood coming out from his mouth.” witnessed a lady.
Police oddly put a police helmet on the protester while doing first aid, claiming it was “to let him lie straight”.?#hongkong #sheungshui pic.twitter.com/jyQc0mf2x3
— Denise Ho (HOCC) (@hoccgoomusic) July 13, 2019
Во поворката демонстрантите носеле транспарент ,,Строго да се спроведе законот, да се запрат прекуграничните трговци”, со кој поминале покрај фармацевтски и козметички продавници, популарни меѓу кинеските туристи и трговци, кои купената стока ја препродаваат во Кина.
Hong Kong protesters and police clash in Sheung Shui
HAPPENING NOW: Scuffles break out between Hong Kong police and demonstrators protesting against Chinese traders in the border town of Sheung Shui.(Video: Twitter/aaronMCN)
Posted by CNA on Сабота, 13 јули 2019
Многу продавници биле затворени поради протестите. Тие главно поминале мирно, но на крај на судирите дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која ги растерала со солзавец и палки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сириската влада и Курдите постигнаа договор за прекин на огнот

Сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра и командантот на Сириските демократски сили (SDF) поддржани од САД, генерал Мазлум Абди, денес се согласија за сеопфатен прекин на огнот на сите фронтови во северна и североисточна Сирија.
Договорот стапува на сила веднаш, соопшти сириското Министерство за одбрана.
Неодамнешните судири меѓу двете страни фрлија сенка врз значајниот договор потпишан во март меѓу SDF предводени од Курдите и новата влада на Сирија предводена од исламистите за интегрирање на регионалните сили во државните институции.
Договорот има за цел да помогне во обединувањето на земјата растргната од 14 години граѓанска војна и да го отвори патот за курдските сили, кои држат четвртина од Сирија, да се спојат со Дамаск, заедно со регионалните курдски администрации.
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара се сретна во Дамаск со специјалниот претставник на САД за Сирија, Томас Барак, и началникот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер, соопшти сириското претседателство.
Разговорите, на кои присуствуваа сирискиот министер за надворешни работи, Асад ал-Шибани, министерот за одбрана, Абу Касра и шефот на разузнавањето, Хусеин ал-Саламех, се фокусираа на неодамнешните случувања во Сирија, поддршката на политичкиот процес и напорите за зајакнување на безбедноста и стабилноста.
Свет
Доделена Нобеловата награда за физика

Американските научници Џон Кларк, Мишел Деворе и Џон Мартинис ја освоија Нобеловата награда за физика за 2025 година за „експерименти што ја открија квантната физика во акција“, овозможувајќи развој на следната генерација дигитални технологии.
„Воодушевен сум. Секако, никогаш не ми падна на памет дека ова може да биде основа за Нобелова награда“, рече Кларк во на телефонска прес-конференција за да ја прослави Нобеловата награда.
„Зборувам на мобилен телефон и претпоставувам дека и вие зборувате, а една од основните причини зошто мобилниот телефон работи е целата оваа работа“, додаде Кларк.
„Овогодинешната Нобелова награда за физика обезбеди можности за развој на следната генерација квантна технологија, вклучувајќи квантна криптографија, квантни компјутери и квантни сензори“, се вели во соопштението на Комитетот за доделување на Нобеловата награда.
Квантните механички однесувања се добро проучени на ниво на неверојатно мали атомски и субатомски честички, но често се сметаат за бизарни и неинтуитивни во споредба со класичната физика и нејзините многу поголеми размери.
Квантната механика ѝ овозможува на честичката да се движи директно низ бариера користејќи процес наречен тунелирање. Штом се вклучени голем број честички, квантно-механичките ефекти обично стануваат занемарливи. Експериментите на лауреатот покажаа дека квантно-механичките својства можат да се конкретизираат на макроскопска скала.
Фото: ЕПА
Свет
Градоначалничка на германски град тешко повредена во напад со нож

Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердек, социјалдемократката Ирис Шталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.
Според полицијата, Шталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“.
Деталите за нападот и идентитетот на сторителот засега се непознати.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост, велејќи на платформата Икс дека се надева на целосно закрепнување на политичарката.
Педесет и седумгодишната Шталцер беше избрана за градоначалничка пред нешто помалку од две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите.
Фото: принтскрин