Економија
Болки во зглобовите? Сите препарати не се исти
Во последно време како компанија се соочуваме со тенденција на зголемена потрошувачка на препарати на колагенска основа.
Како генерални застапници на компанијата „Гелита“ и брендот ЦХ Алпха сакаме да ја информираме јавноста и потрошувачите за неколку елементи со што ќе придонесеме за реално, точно и навремено информирање околу нашиот бренд.
Имено, постојано сме соочени со промена на препаратот водејќи се од максимата, ЕВЕ ВИ ОВА Е ИСТО АМА Е ОД ДРУГА ФАБРИКА.
Ние не сакаме на ниту една компанија да 1 го оспориме правото да се бори на пазарот. Тоа е многу јасен постулат на економска битка на пазарот и тука не можеме ништо. Но тоа не значи дека ние не треба да ги истакнеме фактите, а тие се:
1. ЦХ Алпха е носител на сустанцијата фортигел којашто е оргинатор на компанијата „Гелита„. Друга Гелита нема и друг фортигел и во светот и кај нас нема. И тоа е факт.
2. ЦХ Алпха нема контра препарат кој е ИСТ. Може другиот да е подобар, може да е полош, НО ИСТ НЕ Е. И тоа е факт
3. Тоа што имаат колагенска основа не значи дека се исти. Ако имаме две спортски блузи, од кои едната е од АДИДАС не значи дека и блузата од СПОРТЕКС е иста. Може да е подобра, може да е полоша, НО НЕ Е ИСТА.
4. Играта од типот исто е ама е од друга фабрика нанесува штета и на самата фабрика а највеќе штети на самиот потрошувач. Ние немаме право да оспоруваме некој да продава, но имаме право, користејќи ги јавните медиуми да кажеме дека играта од типот земав ЦХ Алпха од некоја сеоседна земја којашто е иста, а не е иста, немаме само право туку и должност да кажеме дека тоа не е исто.
Се надеваме дека ова многу кратко објаснување ќе се сфати само и само како реална наша обврска да им помогнеме сите потрошувачи кои се одлучиле да користат од нашиот препарат да не бидат изманипулирани со исклучително вешти методи дека користат нешто исто а тоа да е далеку од вистината.
П.С Нам ни е совршено јасно дека една аптека или систем којшто продава сака да понуди нешто што во тој момент смета ДЕКА Е ИСТО, но исто така ни е јасно дека на тоа мораме да реагираме кога некој се служи со ментална игра од типот ЕВЕ ВИ ГО ИСТО Е ОВА Е НАША ЦХ АЛПХА!!!
(Комерцијален текст на „Хелиос медикал“)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.