Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Поканата за лидерска средба дополнително ќе се анализира

За денот и локацијата на лидерската средба органите на партијата дополнително ќе анализираат и ќе биде одлучено во согласност со агендата на лидерот Христијан Мицкоски, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на новинарско прашање дали партијата ќе прифати лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците, на која денеска повика премиерот Зоран Заев. Тој го повтори ставот на Мицкоски дека единствена тема на евентуалната лидерска средба би требало да бидат предвремени избори.
„Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање за кое мора да се разговара се предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено во согласност со агендите на претседателот и временските можности“, рече Арсовски.
Тој рече дека најпрвин на таа лидерска средба мора да се разговара за предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа може да се разговара за сè друго.
„Значи, прва и единствена точка на разговор треба да биде предвремени парламентарни избори“, рече Арсовски.
Тој рече дека кај Зоран Заев во денешното обраќање се видело дека нема расположение за избори и дека тој, како што рече, едноставно бега од избори со самото тоа што кажал дека може да се разговара за изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори.
„Со самото тоа тој покажува дека се плаши и бега од избори од проста причина, како што знаете, целата јавност е сведок на големата корумпираност на неговото давење во скандали, на најкорумпираната Влада во моментот, на наместени тендери, на лични провизии итн., така што единствен во моментот што бега од избори е Зоран Заев и тој самиот го потврди тоа“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.