Регион
Макрон во Белград ќе биде пречекан со 10 почесни плотуни

Непосредно пред доаѓањето на францускиот претседател Емануел Макрон во Белград, поточно во палата „Србија“, каде што ќе бидат одржани клучните состаноци, местото е опколено со речиси 700 новинари од земјава, регионот и од Европа, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Пред зградата се спроведуваат последните мерки за безбедност и контрола, а засега не е забележано поголемо присуство на безбедносните сили во тој дел од Белград иако, според српските медиуми, за посетата на францускиот претседател ангажирани се околу 4 илјади специјалци.
Членовите на српската војска се подготвуваат за свечениот пречек, а најавено е дека во чест на Макрон ќе бидат испукани 10 плотуни.
По должината на улиците на Нов Белград, како и во целиот град, поставени се француски и српски знамиња, како и билборди во духот на пријателството меѓу двете нации.
Ова е прва посета на француски претседател на Србија од 2001 година од доаѓањето на поранешниот претседател Жак Ширак, а се спроведува во текот на годината во која Србија и Франција одбележуваат 180-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.