Соопштенија
Единствена Македонија: Лидерски средби меѓу две албански и две македонски партии се неприродни и штетни

„Зоран Заев повторно, којзнае кој пат, за утре свикува таканаречена лидерска средба само со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанското малцинство во државата. Досегашната практика на т.н. лидерски средби во исклучиво тесен круг учесници не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија оти Македонија практично се движи кон сопственото исчезнување со бришење сè што е македонско“, соопшти Единствена Македонија.
Партијата упатува јавен предлог до Заев како организатор на настанот за промена на форматот на учесниците на т.н. лидерски средби.
„Решение да се бара според формулата за учество на 15 партии во преговорите со следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии, и тоа од најмалку две причини, прво, учеството на поголем број партии овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите национални малцинства и, второ, учеството само на две македонски и две албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба оти не ја отсликува македонската реалност, недозволиво го фаворизира албанското наспроти сите други малцинства во земјата и не дава гаранција за заштита на виталните национални и државни интереси.
Ги потсетуваме Заев и Мицкоски дека во татковинската војна во 2001 година Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски прифатија преговори со учество само на две македонски и две албански партии поради што државата излезе поразена, посрамена и понижена со немерливи последици до денешно време“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) По тргедијата во Велес, СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

„По трагедија во Велес која можеш да биде спречена, овде, пред Министерството за внатрешни работи бараме итно разрешување на цело СВР Велес и одговороност од Панче Тошковски. Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми“, вели Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ.
„Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати. Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст.
Страшно и болно истовремено. Институциите не успеаја да заштитат живот на една жена и на еден човек. Само поради нивното молчење и непреземање ништо има два згаснати животи.
Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен.
Жените во Македонија не смеат да живеат во страв живеат во страв за својот живот, и својата безбедност сам затоа што нивните пријави ќе завршат во некоја фиока.
Ние денес сме тука да кажеме: доста е! Уште колку човечки животи треба да згаснат за Тошковски да понесе одговорност?“, изјави Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ.
Соопштенија
(Видео) Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето на скопските улици

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, пред училиштето „Киро Глигоров“ ја презентираше својата визија за побезбедни улици и сигурно движење на најмладите скопјани.
Шукова нагласи дека безбедноста на децата е највисок приоритет и дека Скопје мора да стане град во кој улиците се безбедни за сите.
„Нема ништо поважно од тоа секое дете безбедно да стигне во училиште и безбедно да се врати дома. За жал, секојдневно сме сведоци на ризични ситуации пребрзо возење, небезбедни пешачки премини, недостиг на соодветно осветлување и инфраструктура,“ истакна таа.
Шукова најави проширување на концептот ЗОНА 30, во која максималната брзина е ограничена на 30 километри на час, со современи мерки за смирување на сообраќајот.
„Ќе направиме подигнати пешачки премини и вибрациски ленти, нови и пошироки тротоари, подобро и посилно осветлување на улиците, заштитни пешачки огради, мини кружни текови и стеснување на коловозот за намалување на брзината. Најважно јасно означени зони пред училиштата со големо ШКОЛО на коловозот,“ рече Шукова.
Таа најави и нова мерка ЗОНА ШКОЛО и воспоставување на безбедни рути за движење на деца до секое училиште во Скопје.
„Секој ученик ќе има своја безбедна патека со обележани премини, велосипедски патеки и заштита од возилата“, додаде Шукова.
Посочи дека реализацијата ќе започне на клучни делници: улиците Орце Николов, Варшавска, Владимир Комаров и Георги Димитров, кои ќе добијат ново уредување со подигнати премини, нови тротоари, велосипедски паркинзи и улично осветлување. Потоа, чекор по чекор, концептот ќе се прошири во сите населби: Карпош, Тафталиџе, Кисела Вода, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и останатите.
„Ова не е само инфраструктурен проект, ова е проект за животот, здравјето и иднината на нашите деца. За Скопје да биде модерен европски град, мора прво да биде безбеден град. Да им ја дадеме на нашите деца сигурноста што ја заслужуваат затоа што нивниот живот нема цена“, истакна Шукова.
Соопштенија
(Видео) На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски.
Почнувајќи од последната изјава, дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија која сериозно ги загрижи граѓаните и ја потресе безбедноста во земјата.
Наместо докази, издржани информации и активирање на сите безбедносни инструменти демантот стигна токму од неговиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Во интервју за „360 степени“ Тошковски го демантираше Мицкоски и призна дека нема осомничени за хибридни напади, нема центри на моќ кои стојат зад пожарот во Трубарево или зад било кој друг пожар.
Ова признание е директен удар врз кредибилитетот и точноста на изјавите на Мицкоски.
Сега јавноста знае дека премиерот ја злоупотребил безбедносната состојба и институциите за да ја покрие својата неспособност за справување со пожарите“.
Но ова како што додава таа, не е единствена изјава на Мицкоски која била деманитарана или времето ја потрдило дека е класична манипулација.
„Мицкоски во август минатата година изјави дека има индиции за сценарио за дестабилизација на државата. Никогаш не објави докази и нормално ништо не се случи.
Во октовмри исто така минатата година Мицкоски од собраниската говорница обвини дека го следеле со дронови. Никогаш не се објавија докази и помпезно најавениот случај пропадна.
Пред само две недели Мицкоски изјави дека има информации дека бил следен и прислушуван. И ова се потврди дека нема никаква врска со реалноста и оваа афера на власта пукна како меур од сапуница.
Сите овие изјави на Мицкоски, сите овие примери се покажаа дека се празни зборови со кои се манипулира јавноста, граѓаните“.
Според Кузеска, после толку многу манипулации, толку многу измислици прашањето е дали воопшто граѓаните можат да му веруваат.
„На Христијан Мицкоски не може да му се верува.
Јавно искажаниот збор на еден политичар, особено на претседател на влада, носи тежина и голема одговорност.
Зборовите можат да предизвикаат страв, паника или да влијаат врз стабилноста на државата.
Крајно неодговорно е премиер да си дозволи да изнесува тврдења без факти и без докази, со единствена цел да си ја спасува сопствената политичка кожа.
Оваа влада и овој премиер не се само неспособни, тие се опасност. Опасност за животот и здравјето на граѓаните, опасност за институциите што ги сведуваат на нула и опасност за државата во целина“.