Забава
Омилената маица за вежбање на принцезата Дијана продадена за 43.000 фунти
Принцезата Дијана во опуштено издание често ја носеше својата омилена фитнес-маица. Широката темносина кошула има лого на „Виргџн Атлантик Варга грл“, а принцезата редовно вежбала во неа.
По смртта на Дијана во 1997 година, маицата како спомен ја добила нејзината лична тренерка Џени Ривет. Таа неодамна маичката ја стави на продажба.
Princess Diana’s sweatshirt sold for $53,532 in RR's July Auction last night! #PrincessDiana #rrauction #auction #Royals pic.twitter.com/AvPbXy2fvg
— RR Auction (@RRAuction) July 11, 2019
„Иако се обиде да не биде впечатлива, на крајот тоа парче облека стана култно, нешто по што беше препознатлива. Секогаш ја носеше за вежбање“, рече Ривет.
Таа објасни дека маичката на принцезата ѝ била како ќебе, ги покривала нејзините облини, а Дијана намерно ја носела за да се ослободи од фотографите, но и од коментарите за облеката што ја носела.
Беше купена на аукција од страна на таен обожавател за 42.700 фунти, со што маицата на Дијана стана најскапото парче облека за вежбање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.
Забава
Љубов до 5 ноември: неколку хороскопски знаци ќе блеснат во романса
Астролозите предвидуваат дека до 5 ноември четири хороскопски знаци ќе уживаат во љубовна хармонија, благодарение на Венера во знакот на Вага – планетата на љубовта, убавината и рамнотежата.
Вага – Ѕвезда на сезоната: привлекува љубов, пари и успех. Зафатените Ваги ја продлабочуваат врската, а слободните можат да доживеат неочекувана романтична средба.
Овен – Венера носи нова љубов или обновување на старата. Можно е заеднички живот или веридба.
Близнаци – Период на емоции, страст и инспирација. Романтиката се меша со креативноста, но треба да внимаваат да не идеализираат нови луѓе.
Водолија – Конечно мир и длабока поврзаност. Привлекуваат искрени и интелигентни партнери, а некои можат да ја пронајдат својата сродна душа.
Забава
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“.
На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност.
„Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во совршени години“, рекол тој, додавајќи дека „животот не завршува на 42“.
Кертис и Анистон првпат биле видени заедно во јули, а потоа и на премиерата на новата сезона на серијата The Morning Show и на заедничка вечера со актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга. Според извор за „Пипл“, „тие повремено излегуваат и уживаат во дружењето“.

