Македонија
Почнува десеттиот Летен кампус на Криволак и Пепелиште
Сто и дваесет питомци и студенти од Северна Македонија и 11 партнерски и пријателски земји во следните две недели ќе учествуваат на десеттиот Летен кампус кој во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од денеска се реализира на полигонот „Криволак“ и тренинг-центарот „Пепелиште“.
На отворањето на кампусот, заменик-министер за одбрана, Беким Максути, истакна дека станува збор за уникатен проект кој овозможува питомци и студенти од повеќе земји да разменуваат искуства, да учат едни од други и да стекнуваат познанства.
„Северна Македонија ќе стане полноправен член на НАТО и кадетите од нашата Армија многу наскоро нивните пријатели од земјите членки на алијансата ќе можат да ги наречат не само партнери, туку и сојузници“, рече Максути.
Митко Богдановски, продекан на Воената академија, рече дека големиот број активности и богатата програма на кампусот е резултат на долгогодишното искуство и успешната реализација на овој кампус, чиј дел досега биле над 1.600 питомци и студенти од дваесетина земји.
„Нашата главна мисија е да создадеме силна мрежа помеѓу идните офицери и да ги подготвиме за идна интероперабилност и соработка, како и да постигнеме високо ниво на културолошка размена, со што ќе дадеме и голем придонес кон глобалниот мир и безбедност“, рече Богдановски.
Оваа година учесници на Кампусот се питомци и студенти од Република Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Романија, Германија, Хрватска, Чешка и Норвешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

