Македонија
(Видео) Заев: Ако Усеини не ги урне дивоградбите во Охрид, тоа ќе го стори државата
Премиерот Зоран Заев најави одземање на надлежностите на Општина Охрид доколку градоналаникот Константин Георгиевски не постапува и не ги урне дивоградбите на Нефи Усеини, но и другите 1.076, кои се евидентирани во регистарот на дивоградби.
„Дивоградбите треба да се срушат, екстра причина е УНЕСКО. Разговорав со градоначалникот на Охрид, треба да се постапи по закон. Ако не се постапи, најавувам одземање на надлежностите, како што сум најавил за Мерко. Апелирам до сите граѓани, па и до Нефи, да си ги отстранат дивоградбите затоа што граѓаните реагираат, но и поради УНЕСКО. Ако не постапи локалната власт, многу бргу извршната власт ќе покаже што значи владеење на правото“, рече Заев.
Нефи Усеини е советник во Општина Охрид, а истовремено и сопственик на две дивоградби во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

