Контакт

Македонија

Си замина Жиле – планинското куче кое од Шапка стигна до Америка

Објавено пред

Семејството Хамон од Америка вчера се збогуваше од Жиле, планинското куче од Попова Шапка, кое во 2013 година беше застрелано и парализирано на задните нозе, а потоа беше посвоено во Пенсилванија. По 6 години живот во Америка, Џон и Ким, кои го зедоа Жиле од Македонија за да биде куче чувар за нивната ќеркичка Морган, мораа да му кажат збогум на својот миленик, кој во последно време имаше сериозни здравствени проблеми, и поради староста и поради парализата.

dobivaj vesti na viber

Од Жиле денеска се збогуваат многумина на социјалните мрежи бидејќи тој беше првото куче од Македонија што одеше со специјално направена инвалидска количка, за него беше изработен и краток документарен филм, а луѓе од разни држави од светот собираа пари и донираа за тој да може да замине во Америка, во новиот дом.

„Ни беше чест што Жиле беше дел од нашите животи. Неговиот дух беше најпрекрасното нешто кај него. Тој денеска ќе биде кремиран за да можеме да ја пратиме пепелта во Македонија и да биде расфрлена на Попова Шапка, планината на која Жиле ѝ припаѓаше. Тоа беше неговиот вистински дом“, напиша Ким Хамон, сопственичката на Жиле на неговата фејсбук-страница.

Новинарката и активистка за заштита на животните, Мери Јордановска, која го зеде Жиле во свои раце кога тој беше застрелан и парализиран и го донесе во Скопје, а потоа го испрати за Пенсилванија, исто така се збогуваше од кучето кое сплоти стотици луѓе.

„Чудно е како еден настан може да промени толку многу животи и да ги зближи луѓето. Претходно имав толку голем револт кон човекот што пукаше во Жиле. Шест години подоцна знам дека Жиле му помогна на едно девојче, Жиле ме натера никогаш да не се откажувам, Жиле зближи две семејства од разни континенти, Жиле нè научи дека попреченоста кај кучињата не е причина за евтаназија, тој ја смени свеста кај толку многу луѓе во земјата и странство. Ова го пишувам со многу солзи затоа што не бев подготвена да се збогувам. Но, длабоко внатре, знам дека неговата 10-годишна мисија е завршена. Тој страдаше, но никогаш не се откажа. Тој нè научи дека ништо не е невозможно ако имаш волја. Тој ја извади човечноста од многу луѓе на планетава. Обедини луѓе од многу држави. Ни покажа дека кучињата може да им помогнат на луѓето. Зближи две семејства кои не зборуваат ист јазик. Жиле умре онака како што живееше – гордо и достоинствено“, напиша таа.

Жиле беше алфа-мажјакот на Попова Шапка. Во 2013 година непознато лице пукаше во повеќе кучиња на планината, а од нив настрада само Жиле. Тој беше погоден со куршум во ‘рбетот и оставен парализиран. Јордановска го зеде кучето и го донесе во Скопје, каде што со месеци се грижеше за него со помош на други активисти и ветеринарот Марин Величковски. Жиле стана популарен на социјалните мрежи бидејќи со него замре практиката што се спроведуваше во Македонија дека секое парализирано куче треба да биде успиено. За него почнаа да стигнуваат донации од целиот свет, се собираа пари и му се купи количка специјализирана за парализирани кучиња. По извесно време, Џон и Ким од Америка се понудија да го посвојат Жиле да биде куче чувар за нивната ќеркичка Морган, која има здравствени проблеми.

„Сакавме куче што не е совршено, а сепак има голема волја за живот. Тоа ќе ѝ покаже на Морган дека ништо не е невозможно и дека волјата за живот е најважна“, изјави тогаш Џон.

Во септември 2013 година Жиле отпатува за Америка. Таму живееше прекрасен живот, целата куќа беше оспособена за тој да може слободно да се движи, често го оставаа на задниот дел од џипот со отворена врата да гледа од високо и да се чувствува како да е на планина, го носеа со нив на многу патувања, а во меѓувреме семејството посвои уште едно кученце за Жиле да има друштво.
Во 2017 година Јордановска отиде во Америка и го посети својот миленик, а нивната срцепарателна средба ја пренесоа и странските медиуми бидејќи тој ја позна и ѝ се фрли во прегратки иако ја немаше видено повеќе од три години.

Жиле замина, но неговата приказна и натаму останува за да докаже колку еден момент, еден настан и едно суштество може да ги направи луѓето подобри, побогати, похумани и посплотени.

Македонија

Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде

Објавено пред

Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.

dobivaj vesti na viber

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.

„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.

Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје

Објавено пред

Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.

dobivaj vesti na viber

„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во

Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет57 минути

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија7 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија7 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија9 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија9 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет10 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет10 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија13 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија14 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија1 ден

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија1 ден

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија1 ден

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија1 ден

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...