Македонија
Османи: Билатералната помош од УСАИД изврши огромно влијание врз демократскиот развој на земјава
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со Гречен Биркл, вршителка на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, која му го претстави новоименуваниот претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски.
Во улога на национален координатор на странска помош, Османи изрази задоволство и благодарност и за успешното таргетирање на американската развојна помош во земјата, во износ од над половина милијарда долари од независноста до денес, со која, како што рекол Османи, биле поставени основите на демократскиот и граѓанскиот развој на Северна Македонија.
„Градењето на демократијата во нашата земја врз принципите на владеење на правото, слобода, еднаквост, солидарност, како западни вредности и нивното вградување во нашето мултиетничко општество претставува цел кон која се стремиме и работиме долги години со поддршката токму од УСАИД како наш партнер, но и главен центар за распределба на развојната помош“, посочи Османи, истакнувајќи дека присуството на УСАИД има оставено неизбришлива трага во остварувањето на стратешките приоритети на земјава – членството во ЕУ и НАТО.
Во продолжение на средбата соговорниците изразија уверување дека соработката меѓу Владата и УСАИД ќе продолжи да се реализира согласно потребите и приоритетите на Северна Македонија и во претстојниот период, кој за земјава е клучен во евроинтегративниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

