Македонија
Мицотакис најави притисок врз Скопје во текот на европските интеграции

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека процесот на интеграциите на Северна Македонија во ЕУ и поддршката на брендот „Македонија“ ќе бидат двете алатки што грчката влада ќе ги користи за да ги ублажи негативните последици од преспанскиот договор.
Грчкиот премиер ја спомена критиката на главната опозициска партија СИРИЗА за евентуално прифаќање на договорот за Преспа, но објасни дека тој и претходно предупредил оти штом веќе еднаш е ратификуван договорот, тој не може да се менува еднострано.
Сепак, Моцотакис најави борба за регулирање на грчките трговски марки и етикети со името „Македонија“ во нивните производи и дека тој исто така ќе ги искористи можностите за пристап на Северна Македонија во ЕУ, на начин што Грција ќе може да извлече најголема корист од овие преговори, пренесуваат грчките медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Перински во Велес: Продолжува владината поддршка за урбани и функционални општини

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Велес, каде што се сретна со градоначалникот Марко Колев и членовите на општинскиот Совет. На средбата разговараа за тековните и идните проекти во општината, со акцент на инфраструктурниот развој, за текот на проектот од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, како и за сите мерки кои Општината ќе ги реализира самостојно, но и со поддршка од централната власт. На Општина Велес на првиот владин повик одобрен и беше еден проект, партерно уредување на плоштад и изградба на подземна гаража во централното градско подрачје, а на вториот владин повик, кој трае до 30.април, Општината поднесе 16 апликации.
На средбата беше заклучено дека владината инвестиција за уредување на плоштад и изградба на подземна гаража директно ќе придонесе за трансформација на урбаниот изглед на Велес, ќе овозможи нов јавен простор за жителите и ќе создаде поголеми можности за културни и социјални активности. Подземната гаража ќе го реши долгогодишниот проблем со паркирањето во центарот на градот и ќе обезбеди поефикасен и побезбеден сообраќаен систем, што е од особена важност за урбаната мобилност и секојдневното функционирање на граѓаните.
Перински порача дека Владата не отстапува од континуираната поддршката на општините, со јасна и единствена цел, создавање услови за поголем развој на секоја општина. Впрочем, како што беше заклучено на средбата, силна држава се гради врз темелите на развиени локални заедници.
Денешната работна посета на Општина Велес е дел од теренските посети на Перински на општините со цел директно запознавање и идентификување на сите предизвици во единиците на локална самоуправа и планирање насоки на движење за нивно надминување.
Македонија
Јакимовски затвори градилиште во Влае

Општина Карпош соопшти дека и покрај изречени повеќе опомени и напишани повеќе казни од општинската комунална инспекција, градежната компанија „Спектар Термо“ која работи на изградба на објект на улицата Драгутин Аврамовски Гуте бр.25 во Влае и натаму продолжува со своето несоодветно однесување, поради што градилиштето денеска го посети градоначалникот Стевчо Јакимовски.
„На лице место беше повикана и сообраќајна полиција, а по извршениот увид, донесена е одлука да се затвори градилиштето заради попречување на сообраќајот, несоодветно однесување на градежната компанија, уништување на општински имот и загрозување на безбедноста на граѓаните“, соопштија од општината.
Македонија
(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар која поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.
Фирмата е во сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина, а за време на претресот биле најдени пластични буриња полни со марихуана, за кои фирмта не поседува никаква документација.
Од МВР инфрмираа дека претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во селото Горно Седларце, тетовско.
„Утврдени се низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар. Исто така, било утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација“, велат од МВР.
По насоки од јавен обвинител, пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот и вработениот се приведени.