Свет
Регионалните власти ги здружија напорите за ослободување на рускиот брод во Северна Кореја
Владата на рускиот регион Сахалин на Далечниот Исток се приклучи на напорите за ослободување на рибарскиот брод „Сјиан Хаи Лин 8“, запленет од Северна Кореја, објави прес-службата на регионалната влада, пренесува ТАСС .
„Релевантните власти сега го разгледуваат прашањето. Прво, важно е да се осигури безбедноста на екипажот, кој вклучува тројца жители на регионот Сахалин”, објави прес-службата на регионалниот гувернер Сергеј Будкин.
Според прес-службата, бродот бил запленет ноќта кон 17 јули, кога бил на пат од јужнокорејското пристаниште Сокчо-си кон Јапонското Море. Екипата на бродот се состои од 15 државјани на Русија и двајца државјани на Јужна Кореја.
Ситуацијата сега ја решава руската амбасада во Северна Кореја. Дипломатите веќе успеаја да се сретнат со екипажот. Сега се решаваат работите од најбрзо враќање на екипажот”, се вели во соопштението.
Руската амбасада во Пјонгјанг во изјава на својата фејсбук-страница објави дека ги презела сите неопходни мерки за решавање на проблемот.
„Во моментов ги разгледуваме околностите на инцидентот. Руската амбасада одржува постојани контакти со севернокорејските власти и со највисокото раководство на сопственикот на бродот, ‘Нортистерн фишинг компани’. Амбасадата ги презема сите неопходни мерки за решавање на ситуацијата во најкус можен временски рок. Сите членови на екипажот се во добра здравствена состојба”, се вели во соопштението.
Сопственикот на бродот изјави дека бродот бил задржан зашто поминал во зоната од 50 милји.
„Не е познато каква зона е ова, не може да се најде на која било меѓународна карта. Никој не знае од каде се појавила, никој не може да објасни”, вели изворот.
Претставник на руското Министерство за надворешни работи во Владивосток изјави за ТАСС дека бродот со 17 членови на екипажот, кој плови под руско знаме, бил задржан од Северна Кореја минатата недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три лица затрупани во лавина на глечер во Австрија
Лавина го погоди глечерот Штубај во австриски Тирол утрово, а три лица се затрупани, објави Кронен Цајтунг.
Започната е спасувачка операција.
Според Рајнхард Клир, раководител на жичарницата на глечерот, несреќата се случила во зоната надвор од пистата, во близина на превојот Дауншарте околу 9:30 часот утрово.
„Врз основа на моменталните информации, снежните маси делумно стигнале до долниот дел од деветтата патека, која потоа била затворена“, рече Клир.
Двајца делумно затрупани скијачи веќе се спасени.
Забележано е дека неколку скијачи надвор од пистата отвориле воздушни перничиња за лавина.
На терен има неколку хеликоптери за итни случаи, вклучувајќи ги „Алпин 2“, „Мартин 2“ и „Либеле Тирол“, како и екипи за планинско спасување од Нојштифт им Штубај и Зелден со кучиња трагачи, пренесува Танјуг.
Фото: ЕПА
Свет
Унгарскиот министер: Украина би донела опасност и мафија во ЕУ, земјите од Западен Балкан треба да бидат приоритет
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Бања Лука повтори дека владата на Виктор Орбан се спротивставува на приближувањето на Украина кон ЕУ. Тој изјави дека единствен приоритет на Унгарија е интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
„Европските интеграции звучат како лоша шега ако во Брисел мислат дека Украина е поспремна за членство од Западен Балкан. Земјите од регионот се подготвени и би придонеле економски, додека Украина носи само опасност, војна и украинска мафија“, рече Сијарто.
Тој додаде дека стабилноста на Западен Балкан е од клучно значење за националната безбедност на Унгарија и најави продолжување на соработката со Република Српска.
Сијарто требал да допатува во Бања Лука со воен авион, но министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез го забрани летот, обвинувајќи ја унгарската влада дека ја поддржува политиката на Милорад Додик која го доведува во прашање опстанокот на БиХ.
Сијарто поради забраната слета со изнајмен цивилен авион.
Свет
Лукашенко до Зеленски: Сега ги имате Одеса и Николаев, а наскоро можете да ги изгубите
Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп беше набрзина составен, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на маргините на ОДКБ во Киргистан. Во таа прилика, тој му се обрати и на Владимир Зеленски.
„Сакам веднаш да кажам – и се надевам дека тимот на Трамп нема да се навреди – беше набрзина составен. Не сакам да кажам дека беше направен преку колена, но беше набрзина составен. Мора да се презентира во лесно сварлива форма. Сè мора да се разработи до метар, километар, до последен детаљ“, рече Лукашенко.
Како што истакна, во средата разговарал за американскиот мировен план за Украина со својот руски колега, Владимир Путин. Според него, Путин му презентирал две верзии на планот.
„Владимир Владимирович ми ја презентираше првата верзија и втората верзија, која беше поделена на делови“, рече претседателот на Белорусија.
Тој верува дека нема победници во украинскиот конфликт, а ако има, тоа нема да биде Европската Унија.
„Мораме да ја завршиме оваа војна. Се плашам дека нема да има победник во оваа војна: тоа е катастрофа. Знаете зошто, ако нема. Но, ако има победник, тоа нема да биде Европската Унија ако Америка ги напушти“, рече тој, пренесува Спутник.
Тој му се обрати на шефот на киевскиот режим, Владимир Зеленски.
„Ако сакате да ја задржите Украина во нејзините сегашни граници, мора да преговарате, а не да ги торпедирате преговорите“, рече Лукашенко.
„Размислете, почнувајќи од реалната ситуација, како да го зачувате она што го имате. Имате пристап до морето – и до Одеса, која е ваша, и до Николаев, а тоа може да исчезне во еден момент. Затоа е потребно добро да се измери сè и да се донесе добро осмислена одлука“, додаде белорускиот лидер.
Фото: ЕПА

