Македонија
(Видео) Лекари издавале фиктивни рецепти, а со лековите се тргувало и во странство

Лекари издавале фиктивни рецепти, а во организација со аптеки лековите биле давани бесплатно на лица кои потоа ги продавале во државата, но и во странство, рече премиерот Зоран Заев. Тој најави дека Владата презема засилени контроли и дека има истрага за злоупотреби со лекови што се даваат на рецепт.
Заев на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени преку анализа зошто граѓаните во државава не може да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.
Тој рече дека нешто повеќе од една година се работи на ова прашање, дека контролите покажале злоупотреби и дека се прави комплетно информатички систем на контрола и најави целосно решение на проблемот наесен.
„Дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено со добро организирана форма – аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓето без пари, потоа се тргува со нив во државава и во земји надвор од државава. Тоа се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола. Од 1 септември до 1 октомври мислам дека ќе го имаме решението. Целта е граѓаните да добијат лекови во кој било период од месецот“, рече премиерот Заев.
Тој изрази очекување дека на тој начин граѓаните нема да прават т.н. домашни аптеки загрижени дека нема да најдат лек на рецепт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.
Македонија
Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.
Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер. Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица.