Македонија
Маргини: Продолжува сагата на трансродов маж, Управата за матична евиденција ја погазува пресудата на ЕСЧП
Коалицијата Маргини информира дека вчера Министерството за правда – Управата за водење на матичните книги – подрачно одделение Скопје на лицето Икс повторно му достави решение со кое се прогласи за ненадлежно да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција, со што ја погази пресудата против Македонија на Европскиот суд за човекови права. Од коалицијата велат дека се разочарани и револтирани од ваквата одлука.
„Потсетуваме и покрај тоа што уште во 2011 година транс-лицето доби одобрение од Министерството за внатрешни работи за промена на името и презимето во личните документи, Управата за водење матични книги го одби неговото барање за промена на ознаките за пол и матичниот број, давајќи објаснување дека лицето нема извршено операција за потврда на родот. Обврската што управата му ја наметна на лицето за доставување медицинска документација не беше заснована на ниту една законска одредба, поради што лицето ја обжали одлуката на управата пред Министерството за правда, а потоа и до Управниот суд. Од 2011 година сè до денес, случајот трипати се најде пред Управниот суд, при што Управниот суд во два наврати ја усвои тужбата на транс-лицето, и ја задолжи управата да донесе законито решение врз основа на домашното законодавство и праксата на Европскиот суд за човекови права. И покрај ваквите одлуки на Управниот суд, управата во последната своја одлука се прогласи за ненадлежна да постапува по случајот, иако во меѓувреме управата изврши промена во други два случаи, исто така врз основа на одлуки и задолжување од страна на Управниот суд“, велат од Маргини.
Врз основа на тужбата поднесена од правниот тим на Коалицијата Маргини и лицето Икс, во јануари оваа година Европскиот суд за човекови права донесе одлука против државата со која се утврди повреда на правото на приватен живот, а управата при Министерството за правда беше посочена како одговорна за повреда на правото поради донесување произволни одлуки во врска со барањето за промена на податоците.
Во јуни оваа година Владата ја задолжи управата да постапи според пресудата на ЕСЧП и во најкраток рок да одлучи позитивно и да дозволи промена на ознаката за пол.
„Очигледно, г. Јетмир Фета и неговиот тим не се согласуваат со овие одлуки, па и покрај утврдената повреда на правата на страна на лицето Икс, одбиваат да ја спроведат пресудата. Прогласувајќи се за ненадлежна институција, управата го шиканира Европскиот суд за човекови права, го повредува принципот на владеење на правото и создава правна несигурност. Управата е директно одговорна за штетите што ги трпи лицето Икс и продолжува да го отежнува секојдневното живеење на ова лице. Како резултат на ваквите произволни одлуки на кафкијански службеници, лицето Икс останува во неможност и оваа година слободно да замине на одмор надвор од границите на државата, да добива, без страв и ризик од навреди и осуда, услуги во различни институции, да се движи слободно и еднакво како секој граѓанин на оваа, претпоставено, демократска земја“, велат од Коалицијата.
Како резултат на оваа ситуација, Коалицијата Маргини бара итна и неотповиклива промена на раководството на оваа институција, и прекинување на молкот и толерирањето на вакви поединци кои, како што велат, газат врз правниот систем единствено како резултат на меѓупартиски договори во владината коалиција.
Маргини ја повикува Државната комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен да ја исполни својата надлежност, да ги заштити правата на лицето и да го одобри барањето.
Во меѓувреме, коалицијата ќе ја извести меѓународната јавност, Советот на Европа и сите други меѓународни организации за заштита на човековите права, за, како што велат, континуираната пракса на поигрување со правдата во државата и непочитувањето на одлуките и препораките на Европскиот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

