Македонија
Влатко Стефановски, Филхармонија и „Танец“ се дел од музичката програма за прославата на Илинден
Прославата на големиот национален празник „Илинден“, кој годинава се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“ во Крушево, започнува вечерта на 1 август на Гумење со церемонија за започнување на „10 дена Крушевска Република“, која ќе биде заокружена со богата музичка програма.
Свечената церемонија на 1 август почнува во 19:35 часот со интонирање на државната химна, по што ќе се обрати градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски. Со импровизирано пукање од црешовото топче и со огномет ќе биде означен почетокот на програмата, по што следува музичкиот дел.
Присутните гости во 20:30 часот ќе имаат можност да уживаат во изведбите на гитарските виртуози Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.
По нивниот настап, со почеток во 22/.00 часот, сестраниот композитор, аранжер и клавијатурист Џијан Емин придружуван од Филхармонија и Здружението на џез-уметници (ЗЏМ) ќе одржи електро-акустичен концерт.
По концертната програма, на полноќ ќе биде изведен традиционалниот импровизиран напад на градот.
Свеченото одбележување на 116-годишнината од Илинденското востание и 75-години од Првото заседание на АСНОМ продолжува на 2 август, кога на Мечкин Камен ќе биде одржана Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август, Илинден.
На свеченоста ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по што е предвидена свечена културно-уметничка програма.
Дел од програмата, во рамки на прославата на Илинден, се и настапите на ансамблот „Танец“, културно-уметничкото друштво „Емин Дураку“ и мешаниот хор „Крушево“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

