Македонија
Ноќно обележување на булеварот Партизански одреди и на улицата Лазар Личеноски
Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во рамките на проектите за нивната реконструкција, вчеравечер спроведоа акција за ноќно обележување на хоризонталната сигнализација на булеварот Партизански одреди и на улицата Лазар Личеноски.
Реконструкцијата на дел од булеварот Партизански одреди се изврши на потегот од крстосницата со булеварот 8 Септември до мостот „Обединети нации“, во должина од два километра.
Со овој проект целосно се замени асфалтот на површина од 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта се изведе комплетно нова коловозна конструкција. За реализацијата на овој капитален проект Град Скопје издвои околу 69 милиони денари.
Со проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеноски се изврши целосна реконструкција на коловозот во вкупна должина од 493 метри, на потегот од раскрсницата со булеварот Гоце Делчев до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ „Кале“. Освен коловозот, со овој проект се изврши асфалтирање на тротоарите и се поставија нови бетонски рабници.
За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 10,6 милиони денари со пресметан ДДВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

