Црна хроника
Срби повредени во судир на три автомобили кај Миравци
На автопатот Демир Капија – клучка Миравци во раните утрински часови на 31 јули се случила сообраќајка меѓу три автомобили, во која повредени се 35-годишен Србин, возач на еден од автомобилите, и неговиот сопатник, 22-годишно лице, исто така од Србија.
Како што информираат од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале автомобил „пасат“ со српски ознаки, „ауди“ управувано од 24-годишник од скопското село Студеничани и уште едено „ауди“ со тетовски ознаки, управувано од 40-годишник од Скопје.
Поради повредите, двајцата Срби биле пренесени во Медицинскиот центар во Гевгелија, а помош им била укажана и на другите двајца возачи.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пукано кон возило во населбата „11 Октомври“
Вчера во 21.13 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавил дека едно лице од огнено оружје пукало во неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа на подрачјето на населбата „11 Октомври“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и биле пронајдени четири чаури.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка ограбена на Бит Пазар, насилно и било одземено ланче
Вчера во 16 часот во СВР Скопје, 63-годишната С.А. од Скопје пријавила дека околу 14.55 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело ланче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за силување во Штип
Вчера во 22.00 часот во СВР Штип, 30 – годишна жена од штипско пријавила дека на 05.10.2024 пред влезот во Штип, едно лице со закана се обидело да изврши обљуба врз неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.