Економија
„Порше“ ги претстави новите 911 Carrera Coupé и 911 Carrera Cabriolet
Серија 911 го поздравува новиот член: Porsche ја проширува својата осма генерација со 911 Carrera. Новиот спортски автомобил се лансира како Купе и Кабриолет, и произведува 283 kW (385 КС) од својот 3,0-литарски, шестцилиндричен боксерски битурбо мотор.
Carrera е основниот 911 модел и нуди 11 kW (15 КС) повеќе моќност отколку што претходниот од седмата генерација. Ги споделува своите врвни стандардни карактеристики практично непроменети од 911 Carrera S.
Овие вклучуваат висококвалитетен ентериер со 10,9-инчен дисплеј на допир, сеопфатна поврзаност и, исто така, иновативни системи за помош, како што е Porsche режимот за мокра подлога, кој овозможува уште побезбедно управување на влажните коловози . 911 Carrera се одликува со помали димензионирани тркала и сопирачки и со индивидуалните капаци на задните отвори на системот за издувни гасови.
Како и кај моделот Carrera S, моторот, шасијата и сопирачките се дизајнирани за ексклузивна динамика. 3,0-литарскиот, шестцилиндричен боксер мотор од 911 Carrera произведува моќ благодарение на помалите во дијаметар турбини и компресори што се вградени во новите турбополначи. Преносот на моќта се пренесува со новиот осумстепен менувач со двојна спојка (PDK). Ова му овозможува на 911 Carrera Coupé да забрза од 0-100 км на час за 4,2 секунди, со најголема брзина од 293 км на час. Опционалниот пакет Sport Chrono скратува уште 0,2 секунди од забрзувањето.
Воспоставената динамика на возењето вклучува 235/40 ZR гуми на 19-инчни алуминиумски тркала на предната оска. Конфигурацијата на гуми вклучува 20-инчни тркала 295/35 ZR на задниот дел. Сопирачката моќност е обезбедена на двете оски со дискови на сопирачките од 330 милиметри со црни, четири клипни моноблок фиксирани калипери.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.