Македонија
(Видео) Заев и Сугарески на увид во градежните работи на патот Битола – Демир Хисар
Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со градоначалниците од регионот, денеска извршија увид на градежните работи кои се вршат при рехабилитацијата на регионалниот пат Битола-Демир Хисар.
„Еден ден пред големиот национален празник Илинден, имаме задоволство да го посетиме овој регион каде имаме повеќе активности. Рано наутро имавме настан каде доделивме персонализирани платежни картички за набавка исклучиво на ‘Еуродизел’ гориво за земјоделска механизација, со кои државата субвенционира 30 проценти од трошокот за гориво, за поттикнување и окрупнување на земјоделските производители. Заедно со министерот за транспорт и врски, Сугарески, сме тука за да видиме како напредуваат градежните работи за рехабилитација на регионалниот пат Битола – Демир Хисар”, рече премиерот Заев при увидот на патниот правец во должина од 10 км и ширина од 6.4 м, кој се возобновува со средства обезбедени од Светска банка во износ од 1.5 милиони евра.
Истовремено премиерот Заев спомена дека Владата продолжува со капиталните инвестиции и поддршки, како што беше и денешниот настан во Општината Битола, каде заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, присуствуваа на доделување на 11 решенија за реализација на капитални проекти, во висина од 101.797.260 денари, преку Програмата за рурален развој.
„По денешниот увид во градежните работи на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, слободно можам да кажам дека сме доста задоволни со тоа како тече рехабилитацијата. Досега се асфалтирани 7 километри, се работи на последните 3 километри и очекуваме во првата половина на месец август рехабилитацијата да биде завршена”, истакна министерот Сугарески подвлекувајќи дека Владата интензивно работи на остварување на еден од врвните приоритети, а тоа е изградба на квалитетна, модерна и функционална патна инфраструктура низ целата држава.
Премиерот Заев и министерот Сугарески најавија дека за следниот период е предвидена рехабилитација на дополнителни 12 километри на овој правец, а исто така предвидена е и рехабилитација на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола и државниот пат Битола – Меџитлија, каде се работи на дополнителни 40 километри патна мрежа во Битола и околината во текот на оваа и следната година.
Владините претставници го истакнаа значењето на развојот на овој регион, потенцирајќи дека изградбата на добра патна мрежа во Пелагонија не само што ќе ја олесни и унапреди работата на веќе постоечките компании, туку и ќе создаде услови за привлекување на нови инвестиции и економски раст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

