Економија
(Видео) Преку Програмата за рурален развој се издвоени 38 милиони евра за 202 проекти
Премиерот Зоран Заев денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беа во работна посета на Битолскиот Регион, каде што присуствуваа на доделување на 11 решенија за реализација на капитални проекти, во висина од 101.797.260 денари, преку Програмата за рурален развој.
„За 2019 година преку оваа Програма за рурален развој издвоени се финансиски средства во висина од 38 милиони евра за реализација на вкупно 202 проекти”, рече премиерот Заев, посочувајќи дека со реализацијата на овие проекти за кои денеска беа доделени решенија директно ќе се овозможи подобрување на условите за живот во малите општини и руралните средини.
„Во Општина Битола ќе се инвестираат вкупно 32 милиони 176 илјади и 406 денари, а со овие средства ќе се уредува излетничко место заедно со изградба на водоводен и канализационен систем, инвестиции во локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на села со регионален пат или со населено место-град во должина до 7 километри, како и адаптација на дел од пазар во Битола”, изјави премиерот Заев кој заедно со министерот Димковски и градоначалниците на општините Битола, Новаци, Могила оствари работна средба и разговараше за развојот на локалната самоуправа и за инфраструктурни прашања.
Премиерот Заев посочи дека во Могила ќе се инвестираат девет милиони 95 илјади 482 денари за реконструкција на локални патишта, како и 30 милиони 107 илјади 706 денари во Пелагониски плански регион за реконструкција и доградба на локални патишта во општините Крушево, Ресен и означување на културните и природни знаменитости во Прилеп и Битола.
Премиерот Заев порача дека Владата останува посветена заедно со општините да работи на зголемување на капиталните инвестиции за да се создадат услови за сите граѓани во секое населено место да почувствуваат промена на квалитетот на животот.
Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, информираше за трите проекти кои ќе се финансираат од средствата добиени преку Агенцијата за финансиска поддршка.
„Навистина сме задоволни дека добиваме континуирана поддршка од Владата и трите проекти кои ќе се реализираат од средствата добиени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Се работи за уредување на излетничкото место во село Лопатица во вредност од над пет милиони денари, адаптацијата на дел од Градскиот пазар од околу 7 милиони денари и реконструкција на локален пат до селото Маловиште, средствата се 20 милиони денари”, истакна градоначалничката Петровска.
Претставниците на Владата претходно заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски во село Кравари, Битолско, ги доделија првите персонализирани платежни картички за набавка на „Еуродизел” гориво за земјоделска механизација, со кои државата субвенционира 30 проценти од трошокот за гориво, со цел да се поттикнат и да им се помогне на земјоделските производители да го окрупнат своето производство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Николоски: Апелирам до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната
Министерот за транспорт, Александар Николоски, упати апел до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната со цел македонската економија да не трпи удари.
„Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија“, одговори Николоски на пратеничко прашање на собраниската седница.
Тој истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската Комисија за надминување на овој сериозен проблем, но ЕУ заесега нема слух за надминување на проблемот, не само за Македонија туку и за целиот Западен Балкан.
„Повеќе од една година разговараме со ЕУ, но слабо се разбираме и не наидуваме на разбирање. Последно разговарав во декември во Брисел со еврокомесарот за транспорт Цицикостас и со генералната директорка за мобилнoст и транспорт при Европската Комисија, Магда Копцинска, при што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават ќе значи смрт за економијата во регионот и ќе значи затворање на бројни странски инвестиции во регионот, а кои доаѓаат од земји членки на ЕУ. Намерно користам регионот, бидејќи се однесува за цел Западен Балкан и не се однесува само за Македонија. Формалниот одговор кој го даде портпаролот на ЕК за кој не се слагам е дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила, затоа што според него еден патник може да остане 90 дена во рамки на 180 дена во шенген зоните останува и сега. Формално тоа е точно, но практично не е точно, од причина што превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе кои одат на посета, туку се луѓе кои што работат. Истите не можат да извадат работни визи бидејќи немаат работодавач во конкретна земја членка на ЕУ, а најчесто проблемот е тоа што само транзитираат” истакна вицепремиерот.
Тој додаде дека во континуитет одржува средби со бизнис коморите, со транспортните асоцијации и странските инвеститори со цел заедничи да се изнајдат најсоодветни решенија и да апелира до ЕУ за промена на правилата. Владата го задолжила и Министерството за надворешни работи да се обрати до ЕУ за одложување на новите правила за влез.
„Проблемот е подлабок. Ова ќе влијае врз извозните компании. Теротески да го уништиме транспортниот сектор и бизнис во Македонија, не само што директно ќе влијаеме врз транспортот, мислам дека ни ЕУ не се свесни со каков проблем се соочуваме. Имаме уште два проблеми, а тоа е со карго сертификатите и вториот е со квотите со извоз на челик. Не може регионот од Западен Блакан да се третира како трети земји, не може за извоз на челик да сме во иста квота со Кина. Квотите кои сега ќе ги постави ЕУ на кои сериозно работат, веројатно од Кина и Индија ќе ги исполнат во првите два месеци од годината. После тоа ќе има 50 % царина и практично ќе значи нема да има увоз на челик во ЕУ затоа што е неконкурентен и тоа значи дека челичната индустрија ќе колабира. Фени се затвори, со вакви линерани политики на ЕУ можеме да заклучиме само што ќе се случува со големи производители на челик од земјава”, додаде вицепремиерот Николоски.
Најави дека Владата сериозно ќе работи на надминување на овој предизвик со цел стабилизација на транспортниот сектор во земјава и регионот.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

