Свет
Кина им забрани на своите државјани да патуваат во Тајван

Кинеските власти објавија дека им забрануваат индивидуални патувања на своите државјани во Тајван, со оглед на моментално лошите односи со властите на островот.
Во изјавата на Министерството за култура и туризам се вели дека таквите патувања ќе бидат санкционирани почнувајќи од четврток, „со оглед на тековните односи меѓу двете држави“.
Во изјавата не се споменува прекин на групните патувања од кинеските државјани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово, беше прочитана декларација на оваа тема, објави БГНЕС.
„Овој случај не е изолиран, туку еден од многуте што го потврдуваат прогонот на Бугарите во РСМ.
Од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, изјавуваме дека оваа пресуда е целосно неприфатлива и ги повикуваме властите во Скопјe да ја запрат репресијата врз бугарската заедница и врз секој што го брани своето неотуѓиво право да се самоидентификува како Бугарин, изјави Јорданка Фандакова.
Оваа пресуда, според неа, е политички мотивирана, тоа е чин на репресија врз Бугарите во РСМ, чии права се систематски кршени.
„Време е властите во оваа земја-кандидат за членство во Европската Унија да престанат да го негираат постоењето на омраза, како и да престанат со сите дејствија што систематски ја поттикнуваат, особено против Бугарија и Бугарите во РСМ.
Бугарија не може и нема да остане рамнодушна кога нејзините граѓани и сонародници се изложени на неправда поради нивниот идентитет. Љубчо Георгиевски не е сам, целата бугарска држава и народ стојат зад него“, рече Фандакова.
БГНЕС во својот напис потсетува дека Основниот суд во Битола го осуди Љубчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, на затворска казна од една година, со услов од две години да не го повтори кривичното дело, предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Како што пренесува медиумот, бугарското Министерство за надворешни работи, вчера ја оцени казната како апсолутно неприфатлива.
Свет
Израел го евакуираше својот најголем аеродром откако Иран лансираше дронови

Израел денес го евакуираше Меѓународниот аеродром Бен Гурион откако Иран возврати со напади со беспилотни летала.
Израелското воено радио објави дека празните патнички авиони се пренасочуваат кон други аеродроми. Израелскиот Канал 12 објави дека јавноста е замолена да се држи подалеку од аеродромот – најголемиот во земјата – до понатамошно известување.
Синоќа, Израел изврши голем воздушен напад врз повеќе цели во Иран како дел од операцијата „Rising Lion“. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување на ураниум во Натанц.
МААЕ потврди дека Натанц е меѓу нападнатите локации и дека е во контакт со иранските власти за следење на нивоата на зрачење.
Свет
„Тајмс“: Британија нема да го штити Израел од иранска одмазда

Велика Британија нема да го брани Израел додека Иран возвраќа на израелските напади врз земјата извршени преку ноќ, изјави уредникот за одбрана на весникот „Тајмс“ на „Икс“, без да наведува извори.
Во октомври 2024 година, кога Иран испали серија балистички ракети кон Израел, Велика Британија соопшти дека два од нејзините борбени авиони и еден воздушен танкер за полнење гориво биле вклучени во напорите за спречување на понатамошна ескалација, но дека авионите не погодиле никакви цели.
Велика Британија не била вклучена во израелските напади врз Иран извршени преку ноќ, а премиерот Кир Стармер ги повика двете страни да покажат воздржаност и да се вратат на дипломатијата.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија и Министерството за одбрана сè уште не одговориле на барањата за коментар за потенцијалното британско вклучување во одбраната на Израел.