Свет
Американски воен авион се урна во близина на парк, повредени 7 лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/francuski-voen-avion.jpg)
Американски воен авион „Ф/А-18Е“ се урна во близина на Долината на смртта во Калифорнија, при што поведени се седум посетители на паркот, а судбината на пилотот и понатаму е непозната.
Пилотот бил на редовна мисија, пренесе АП.
На местото на несреќата кај Националниот парк се наоѓаат спасувачки екипи, кои го пребаруваат теренот, источно од воздушната база во Калифорнија.
Причината за падот на авионот не е позната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/b7e7c25c-e291-45d3-a9c1-802e2f3d899c.jpg)
Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една година, а двете страни дадоа многу различни прикази за разговорот потоа.
Пентагон соопшти дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот руски колега Андреј Белоусов разговарале за важноста на отворените линии на комуникација.
Остин го иницираше повикот и тоа беше прв таков повик од март 2023 година, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Белоусов го предупредил Остин за опасностите од континуираната испорака на американско оружје за Украина во нејзиниот 28-месечен конфликт со Русија.
„И. Р. Белоусов укажа на опасноста од натамошна ескалација на ситуацијата преку континуирана испорака на американско оружје за украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на Министерството за Телеграм.
Москва минатиот викенд рече дека Соединетите Американски Држави се одговорни за нападот на Украина на полуостровот Крим, анектиран од Русија, со пет проектили испорачани од САД во кои загинаа четири лица.
Свет
(Видео) На протестите во Кенија полусестрата на Обама меѓу демонстрантите погодени со солзавец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/vvv.jpg)
Кениската активистка Аума Обама, полусестра на поранешниот американски претседател Барак Обама, била меѓу демонстрантите кои беа погодени со солзавец пред зградата на парламентот во Најроби.
Според странските медиуми, покрај солзавец, полицијата пукала и врз демонстрантите кои се обиделе да упаднат во зградата на парламентот, а се јавува и дека загинале најмалку десет демонстранти. Десетици луѓе беа повредени, а делови од зградата на парламентот беа опожарени додека пратениците го гласаа законот за зголемување на даноците.
.@LarryMadowo is live on scene as protests over a controversial financial bill escalate in the Kenyan capital of Nairobi.
He’s been speaking to protesters on the ground, including Auma Obama – Barack Obama’s sister: pic.twitter.com/12TOW2iR7e
— CNN International PR (@cnnipr) June 25, 2024
Законот сè уште треба да го одобри претседателот Вилијам Руто.
Свет
Убиени 10 членови на семејството на лидерот на Хамас: Израелските сили извршија воздушен напад врз неговата семејна куќа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/dfdszgg.jpg)
Израелските сили извршија воздушен напад врз семејната куќа на лидерот на Хамас.
Членовите на семејството на Исмаил Ханије, лидерот на Хамас, беа убиени за време на израелски воздушен напад врз нивниот дом во западниот град Газа, пишува The Times of Israel. Според извештаите, најмалку 10 членови на неговото семејство биле убиени, меѓу кои и неговата сестра.
Лидерот на Хамас ги загуби своите три сина во израелски напад врз нивниот семеен автомобил во кампот Шати на 10 април.
Потврдувајќи го нападот врз семејството Ханије и бројот на загинати, Хамас објави дека ја смета администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одговорна за продолжување на војната за „истребување“ против палестинскиот народ во Појасот Газа, пренесува Ал Џезира.
За време на израелскиот воздушен напад, беа погодени и две училишта кои се користеа како засолништа во населбата Ал-Дарај, во источниот дел на градот Газа, како и бегалски камп, при што загинаа неколку луѓе. Власите се уште не ја потврдуваат точната бројка на загинати и повредени.