Македонија
Завршен настан на твининг-проектот за ефективно спроведување на европското законодавство за природа
Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, присуствуваше и се обрати на завршниот настан на твининг-проектот: „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“, кој денес се одржа во Природонаучниот музеј во Скопје.
„Министерството за животна средина и просторно планирање како ресорно министерство препознава дека една од најзначајните ЕУ-политики во областа на заштита на природата се ЕУ-директивите за живеалишта и птици, кои воедно се основните правни механизми за воспоставување на европската еколошка мрежа ‘Натура 2000’“, изјави Петровска во воведното обраќање нагласувајќи дека „Натура 2000“ отвора нови можности во руралните средини преку развој на екотуризмот, одржливото земјоделство и користењето на природните ресурси на начин што не ја загрозува природата, а воедно може да стане важен извор на приходи за локалното население.
Целта на проектот, во времетраење од 21 месец, од ноември 2017 до август 2019 година, беше да се зајакнат административните капацитети на Секторот за природа при Министерството за спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата преку унапредување и спроведување на регулативата, спроведување обуки и законодавството што се однесува на заштитата на природата.
Проектот е реализиран во соработка со Финскиот институт за животна средина (SYKE), Паркови и диви животни на Финска (Metsähallitus) и Државната служба за заштитени подрачја (SSPA) од Литванија.
На завршниот настан присуствуваа и се обратија шефот на одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, амбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта, и лидерот на тимот, Петри Алрот, директор на Финскиот институт за животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

