Македонија
Заев и Борисов во Дојран положија цвеќе пред обновен споменик на бугарски генерал

Во рамки на посетата на бугарската владина делегација предводена од премиерот Бојко Борисов, денеска во Дојран се одржа церемонија на откривање на обновениот споменик на генералот на бугарската армија Константин Каварналиев, којшто го одбележува неговото вечно почивалиште.
Двајцата премиери, Заев и Борисов, оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред споменикот, а потоа дадоа кратки изјави за медиумите.
Премиерот Заев во својата изјава во врска со настанот кажа дека почитта за културното и историското наследство е директна обврска од договорот за пријателство, добрососедство и соработка и претставува израз на пријателството и блискоста меѓу двете земји.
„Не робуваме на стереотипите, туку градиме искрен и отворен пријателски однос. Ги славиме и почитуваме нашите особености и ја прифаќаме и чествуваме историјата која ни е споделена. Со возобнувањето на споменикот општина Дојран добива уште една точка од историско значење, што сигурно ќе привлече туристи и туристичко внимание на дел од населението во Бугарија. Со тоа добиваме уште едно обележје од богатата и слоевита историја на Балканот”, порача македонскиот премиер.
Неговиот бугарски колега, Борисов, зборуваше за големото историско значење на ликот и делото на генералот Константин Карванлиев и за можноста овој споменик да биде мост на поврзување на граѓаните од двете земји.
Споменикот во Дојран го одбележува вечното почивалиште на полковник Константин Каварналиев, посмртно промовиран во генерал на бугарската армија. Бил ранет во регионот на Дојран во втората балканска воја, за време на борбите во јуни 1913. Починал на 23 јуни 1913. Оригиналниот споменик стоел на истото место до почетокот на 1966 година, а сега е возобновен на иницијатива на бугарскиот премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена, соопшти АМСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од денеска до 11 април во официјална посета на Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)