Свет
Паника во Кашмир по предупредувањето за можни напади
Повеќе илјади луѓе почнаа да го напуштаат Кашмир, спорниот регион под контрола на Индија, по предупредувањето на локалните власти за можни напади на екстемисти.
Локалната влада го откажа хиндуистичкиот аџилак и ги повика верниците и туристите да се вратат дома. Индија претходно соопшти дека убила најмалку пет екстремисти кои се обиделе да ги нападнат нејзините војници.
Индиските безбедносни сили соопштија дека имаат доказ за планирање на напади на пакистанските екстремисти.
Од друга страна, пакистанската влада соопшти дека е загрижена поради ситуацијата во Кашмир, додавајќи дека ги отфрла индиските претпоставки за евентуални напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Орбан пречекан во парламентот на ЕУ со „Бела, чао“; Мецола: Не сте на Евровизија
Илегалната миграција води до раст на антисемитизмот, насилството врз жените и ширењето на хомофобијата во Европската унија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на презентацијата на унгарското претседателство во Европскиот парламент.
„Европската унија мора да се промени и денес сакам да ве убедам во тоа“, ја започна Орбан презентацијата на унгарското претседателство со Европската унија, кое трае до крајот на годината, и предупреди дека Европа се соочува со „можеби најсериозното момент“ во нејзината модерна историја.
Тој во својот говор не ја спомна Украина, осврнувајќи се на таа земја дури по реакциите на парламентарците, велејќи дека Европа е на пат кон пораз во војната во Украина и дека води погрешна политика кон тој конфликт. „Мораме да зборуваме за примирје и да имаме поинаква стратегија или сите ќе изгубиме“, рече тој.
„Ние не сме членка на ЕУ поради тоа што таа е, туку поради тоа што може да биде“, нагласи Орбан, а ден откако на прес-конференција рече дека ќе ја прослави победата на Доналд Трамп на изборите во САД со „неколку шишиња шампањ“, тој го заврши својот говор со парафраза на неговиот слоган: „Да ја направиме Европа повторно голема“.
Parte del Parlamento Europeo canta el Bella Ciao después de la intervención de Viktor Orbán en Estrasburgo.
Metsola: “Esto no es Eurovisión” ni La Casa de Papel, “respeten la dignidad de esta casa” pic.twitter.com/b8oh6monTT— Beatriz Navarro (@beanavarro) October 9, 2024
Претставниците на левицата го пречекаа неговиот говор пеејќи ја антифашистичката песна Бела Чао, на што реагираше претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, предупредувајќи ги дека не се на Евровизија.
Регион
Поплави и одрони во Босна и Херцеговина: Потрагата по исчезнатите продолжува
Потрагата по исчезнати лица во поплави и свлечишта продолжи денеска на подрачјето на Бутуровиќ Поле и други места во сливот на реката Неретвица, соопшти утринава Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон на Босна и Херцеговина, пренесува агенцијата „Фена“.
Според последните податоци за поплави и свлечишта во Коњиќ, Јабланица и Фојница загинале најмалку 22 лица.
Целата тешка механизација во моментот е фокусирана на чистење на локалните патишта. Тие ја пробиваат тињата на патиштата, а во исто време во тек се санации на водоводната, електричната и на телефонската мрежа. Лекови, храна, облека, хигиена и сите други неопходни потреби редовно се делат на ранливото население.
Цивилната заштита доцна во вторникот издаде наредба за итна евакуација на загрозените области Коњица и Јабланица. До 3.43 часот евакуирани се 330 лица.
Регион
Зеленски и Вучиќ денеска пристигнуваат во Дубровник, огромни безбедносни мерки
Денеска попладне, во Дубровник, се одржува самитот Украина – Југоисточна Европа. По тој повод, украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат доаѓа во Хрватска. Заедно со него и со хрватскиот премиер беше најавено доаѓањето и на претседателот на Црна Гора, претседателот на Косово и на премиерите на Северна Македонија, Грција, Бугарија и на Албанија.
Се очекува и доаѓањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Учесниците на самитот треба да ја прифатат заедничката дубровничка декларација за чиј текст сè уште се преговара, но таа да оди по патот на претходните декларации од самитите во Атина и Тирана.
Главните точки на декларацијата, јавува ХРТ, треба да вклучуваат осуда на руската агресија, поддршка за територијалниот интегритет на Украина, вклучително и полуостровот Крим, поддршка за мировниот план на претседателот Зеленски, барање за процесирање на воените злосторства во Украина, поддршка за европската интеграција на Киев и членството во НАТО кога ќе се стекнат услови за тоа и поддршка за енергетска безбедност и обнова на Украина по завршувањето на војната.