Македонија
Поминаа гужвите, на граничните премини нема задржувања
Гужвите на граничните премини за излез од земјава поминаа. Според последните информации од АМСМ на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Утринава времето на чекање на граничниот премин Богородица беше од 30 до 45 минути, додека на ГП Дојран од 15 до 30 минути.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најмногу дожд во изминативе 24 часа падна во Штип
Најниска темепратура во државата утрово од 11 степени Целзиусови е измерена во Берово. Следат Крушево со 13 степени, 14 во Крива Паланка и Претор, 15 Битола, 16 Охрид, Тетово, 17 Штип и 18 степени во Скопје кај Петровец, Демир Капија и во Куманово.
Најмногу воден талог за изминатите 24 часа заклучно до 8 часот е наврнат во Штип од 9 л/м2, а во Крива Паланка 1 л/м2 .
Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Упрвата за хидро метеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, од УХМР посочуваат дека паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 34 степени.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Македонија
Министерот Муцунски во работна посета на Хрватска
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес (сабота, 29 јуни 2024г.) ќе престојува во работна посета на Република Хрватска, каде што на покана на министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман ќе учествува на Дубровник форум 2024.
Министерот Муцунски ќе има обраќање на панелот „Западен Балкан: Отворање на реформскиот потенцијал”.
На маргините на форумот, министерот ќе оствари и бројни билатерални средби со свои колеги од повеќе земји.