Регион
Мигранти повредени во инцидент на границата меѓу Хрватска и БиХ
Осумнаесет лица за кои се сомнева дека се мигранти се повредени во инцидент во близина на границата на Босна и Херцеговина и Хрватска во подрачјето на Унско-санскиот кантон, пренесува Klix.ba.
Министерството за внатрешни работи потврди за порталот дека се случил инцидент синоќа, а повредените, придружувани од припадници на граничната полиција на БиХ, биле примени во Здравствениот дом Велика Кладуша.
„Можам да потврдам дека инцидентот се случил, но не и деталите за тоа како се случило, со оглед дека колегите од граничната полиција на БиХ ги пронајдоа овие лица во близина на границата. Тие биле однесени во Здравствениот дом, каде што им беа санирани повредите“, рече портпаролот на МНП на Унско-санскиот кантон, Але Шиљдедиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави и одрони во Босна и Херцеговина: Потрагата по исчезнатите продолжува
Потрагата по исчезнати лица во поплави и свлечишта продолжи денеска на подрачјето на Бутуровиќ Поле и други места во сливот на реката Неретвица, соопшти утринава Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон на Босна и Херцеговина, пренесува агенцијата „Фена“.
Според последните податоци за поплави и свлечишта во Коњиќ, Јабланица и Фојница загинале најмалку 22 лица.
Целата тешка механизација во моментот е фокусирана на чистење на локалните патишта. Тие ја пробиваат тињата на патиштата, а во исто време во тек се санации на водоводната, електричната и на телефонската мрежа. Лекови, храна, облека, хигиена и сите други неопходни потреби редовно се делат на ранливото население.
Цивилната заштита доцна во вторникот издаде наредба за итна евакуација на загрозените области Коњица и Јабланица. До 3.43 часот евакуирани се 330 лица.
Регион
Зеленски и Вучиќ денеска пристигнуваат во Дубровник, огромни безбедносни мерки
Денеска попладне, во Дубровник, се одржува самитот Украина – Југоисточна Европа. По тој повод, украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат доаѓа во Хрватска. Заедно со него и со хрватскиот премиер беше најавено доаѓањето и на претседателот на Црна Гора, претседателот на Косово и на премиерите на Северна Македонија, Грција, Бугарија и на Албанија.
Се очекува и доаѓањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Учесниците на самитот треба да ја прифатат заедничката дубровничка декларација за чиј текст сè уште се преговара, но таа да оди по патот на претходните декларации од самитите во Атина и Тирана.
Главните точки на декларацијата, јавува ХРТ, треба да вклучуваат осуда на руската агресија, поддршка за територијалниот интегритет на Украина, вклучително и полуостровот Крим, поддршка за мировниот план на претседателот Зеленски, барање за процесирање на воените злосторства во Украина, поддршка за европската интеграција на Киев и членството во НАТО кога ќе се стекнат услови за тоа и поддршка за енергетска безбедност и обнова на Украина по завршувањето на војната.
Регион
(Видео) По поплавите, Неретва ја смени бојата
Неретва ја промени бојата во Мостар. Поради обилните дождови и поплави, под стариот мост повеќе не тече зелената река, туку кафеава и матна.
Во Грабовице, пред хидроелектричната брана, се насобрало куп ѓубре.
Само во хидроакумулацијата „Грабовице“, според процената, депонираниот отпад е речиси 50.000 м3, со континуиран прилив на нови количини.