Забава
По разводот, Бред се храни поздраво и не пие алкохол

Американскиот филмски актер Бред Пит (55) бил целосно скршен по разводот од актерката Анџелина Џоли (44) и новонастанатата животна ситуација ја идентификувал со смртта. Со текот на времето сфатил дека оддалечувањето од саканото лице не е крај на светот, а улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ на сценаристот Квентин Тарантино (56) му помогнала многу.
По разводот од холивудската ѕвезда, тој ослабел, почнал да се храни поздраво и веќе не пие алкохол. Одреден период, тој, наводно, немал ниту сексуални односи со жени со цел да ги избистри своите мисли.
„Откога го најави својот развод од Анџелина Џоли во 2016 година, тој напорно работеше да биде што е можно подобра и здрава личност и да биде најдобриот можен татко“, изјави негов близок пријател за порталот „Пипл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Грижите за парите ги стигнуваат: два хороскопски знаци ќе го паметат летото само по компликации

Додека некои знаци веќе сонуваат за патување и резервација на апартмани, припадниците на два хороскопски знака би можеле да имаат посериозни финансиски грижи ова лето.
Ѕвездите не им се наклонети во моментов кога станува збор за финансиска стабилност, а неочекуваните трошоци би можеле дополнително да ги комплицираат плановите за одмор.
Кои се овие хороскопски знаци?
Рак
Емоционалните Ракови секогаш го ставаат семејството на прво место и затоа често трошат повеќе отколку што можат да си дозволат. Во наредните недели, тие би можеле да се соочат со финансиски товар поради домашни трошоци, деца или помагање на најблиските.
Иако сонуваат да избегаат на море, во моментов ќе мора да изберат помеѓу одговорност и задоволство. Ако успеат да патуваат, веројатно ќе биде малку пократко и поскромно од вообичаеното.
Водолија
За Водолиите доаѓа период на напнатост кога станува збор за буџетирање. Може да има конфузија околу приходите, доцнење на плаќањата или неочекувани трошоци поради претходно запоставени обврски.
Нивниот авантуристички дух страда ако не можат да испланираат патувања, но оваа година ќе мора да прифатат дека не е вистинско време да трошат повеќе. Креативните решенија, како што се пократки патувања и спонтани еднодневни екскурзии, можеби се најдоброто што можам да го извлечам од ситуацијата.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез шокираше со својата облека на настап: „Облечи нешто“

Џенифер Лопез (55) минатата недела настапи на World Pride Music фестивалот во Вашингтон, каде што повторно ја покажа својата склоност кон драматични и провокативни модни комбинации. Но, додека некои беа воодушевени, дел од публиката не штедеше критики.
Пејачката на сцената смени неколку впечатливи комбинации, меѓу кои највпечатлив беше сребрениот боди обложен со стотици светкави кристали. Луксузниот дизајн на модната куќа „The Blonds“ имаше длабоко деколте и висок изрез до бутовите, што, според многумина, откриваше повеќе отколку што требаше.
Jennifer Lopez makes out with her male and female dancers on stage during her performance at the American Music Awards. pic.twitter.com/NsjXU28DKb
— Oli London (@OliLondonTV) May 27, 2025
И покрај спектаклот што го создаде и нејзината енергија, коментарите на социјалните мрежи брзо се претворија во расправии. „Облечи нешто“, „Однесувај се како за твои години“, „Знаеме дека изгледаш одлично, но сега отиде предалеку“, „Ова е премногу“, беа коментарите. Некои отидоа чекор понатаму, нарекувајќи ја „очајна“ и обвинувајќи ја дека привлекува внимание по секоја цена.
Jennifer Lopez performing her new song with David Guetta at #WorldPrideFestival #SavemeTonigjt @JLo @JLotickets pic.twitter.com/O0RdpL97I2
— SebasBar (@sebasbar17) June 7, 2025
Но, Џеј Ло има и лојална армија обожаватели кои застанаа во нејзина одбрана. „Кога мислиме дека повеќе не може да нè изненади, таа оди чекор понатаму. Браво!“, „Да изгледав како неа, ќе покажев сè“, „Оние што ѝ пишуваат негативни коментари го прават тоа од љубомора“, напишаа нејзините обожаватели.
Забава
(Видео) Моден гаф на Шакира пред 65.000 луѓе: нејзиното здолниште се отвори за време на концертот

Шакира моментално е на својата светска турнеја „Las mujeres ya no lloran“, која вклучуваше турнеја низ САД, но таа остави зад себе и еден посебен и незаборавен момент.
Шакира ја изведуваше својата хит песна Waka Waka пред 65.000 луѓе на стадионот „Camping World“ во Орландо, Флорида, кога доживеа моден гаф. Како што може да се види на снимката што стана вирална, здолништето на пејачката се скинало одзади поради движење на колковите, откривајќи дел од нејзиното тело.
bye se le vio la cola a Shaki 😭
y las caritas que hace. 😂🥹 pic.twitter.com/K2E8w2VCGL— 𝑨𝒏𝒕𝒉𝒐 𝒔𝒉𝒂𝒌𝒊𝒇𝒂𝒏 🐺 (@shakiraxspain) June 5, 2025
Пејачката се снајде добро, се насмевна и продолжи како ништо да не се случило, пеејќи и танцувајќи. Моментот го забележаа обожавателите во публиката, а многумина ја пофалија нејзината реакција.
„Секогаш прекрасна, каква штета“, „Ја сакам, таа е најдобра“ или „Толку слатка, Шак“, напишаа тие.