Македонија
СДСМ: Мицкоски да не се крие туку да одговори за средбите со лицата на снимката

Објавените видео снимки и материјалите поврзани со случајот „Рекет“ се обид да се загрози истрагата и да се саботира доказната постапка, а сите шеми и правци водат кон белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот вистински шеф Никола Груевски, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.
„Наместо Христијан Мицкоски да се крие да се загози евроинтеграцијата а тајкуните на режимот да се престават како жртви, треба да одговори на прашањата што му се јавно поставени: Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато Мицкоски? Дали и што примил на рака? Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски се сретнал во Будимпешта? Дали му дал нешто на авторот на текстот и што е тоа?“, прашува СДСМ.
Од владејачката партија додаваат дека секој што се надевал дека со ваков конструиран случај, со објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина пред судовите се излажал.
Снимката е причина плус, велат од СДСМ, да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.
„Сите детали истрагата мора да ги открие и секој, од прв до последен да одговара. Тоа важи и за сите отворени предмети и истраги, вклучително и истрагата за предметот „Дизајн“ поврзан со набавка на автобуси, каде еден од осомничените е токму генералнниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.