Македонија
На Табановце се чека до 40 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
На граничниот премин Табановце возилата се задржуваат од 20 до 40 минути, а на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите
Либерално-демократската партија најостро го осудува секој чин на сквернавење на македонското знаме, симболот на нашиот државен суверенитет.
Таквите дејства не само што се навреда кон државата, туку и директно ги поткопуваат основните вредности на соживотот, почитта и граѓанската одговорност. Македонското знаме е симбол на единството и гордоста на сите граѓани, без разлика на нивните политички, етнички или верски убедувања, велат од ЛДП.
Од партијата ги повикуваат надлежните институции да спроведат темелна истрага и да ги санкционираат одговорните за овој непромислен и деструктивен чин.
„Истовремено, апелираме до сите граѓани да покажат зрелост и почит кон државните симболи, кои се заедничко наследство на сите нас.
Сметаме дека еднаш засекогаш треба да излеземе од етничките трла и да бидеме доследни на зачувување на демократските вредности и интегритетот на државата. Да зборуваме за проекти, реформи и подобар стандард за граѓаните, а не за национализам и враќање во минатото.
ЛДП, како и досега, останува доследна во својата посветеност на зачувување на демократските вредности и интегритетот на државата“, соопшти ЛДП.
Македонија
ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата
„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и ширум светот. Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.
„Истовремено, го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата.
Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит.
Во овој контекст, е неприфатливо и срамно што ВМРО-ДПМНЕ и одредени други политички сили се обидуваат да ги злоупотребат овие инциденти за да изградат лажна нарација која го криминализира секој став на Албанците. Оваа тенденција да се претстават Албанците како носители на криминални агенди претставува напад врз идентитетот и достоинството на Албанците и обид за прикривање на коруптивната агенда на овие структури.
Тие политички сили, кои секојдневно ја држат државата надвор од механизмите за надзор на Европската унија, го ограбуваат државниот буџет и граѓаните преку злоупотреба на институциите за лични придобивки. Обидот да се оттргне вниманието од ваквите скандали преку криминализирање на Албанците е позната тактика која нема да успее.
Албанците во Северна Македонија постојано го покажуваат својот ангажман кон демократските вредности, еднаквоста и меѓуетничката соживотност. Нема да дозволиме нашите легитимни ставови да се користат како параван за политички манипулации или за зачувување на позициите на тие што ги ставаат личните интереси над интересите на граѓаните и државата.
Ги повикуваме институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, без разлика, и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура. Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Северна Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација.
Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и интересите на Албанците, придонесувајќи за европска иднина на Република Северна Македонија, каде што правдата, транспарентноста и еднаквоста ќе бидат основни вредности на нашето општество“, соопшти ДУИ.
Македонија
За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: Се преземаат дејствија за расчистување на настанот
Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското знаме.
Од Обвинителството велат дека е известен јавниот обвинител и дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.
Од таму додаваат дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.