Македонија
Полицијата синоќа спречила над 160 мигранти илегално да ја преминат границата
Полицијата затекнала 161 мигрант, кои се обиделе илегално да ја преминат границата од Грција.
МВР јави дека акцијата почнала синоќа во 20 часот и траела 12 часа, во координација со полициски службеници од земјите кои имаат свои контингенти на јужната граница.
Мигрантите биле од Пакистан, Индија, Бангладеш, Авганистан, Сомалија и Еритреа.
Тие се префрлени во прифатниот центар во Гевгелија, каде би требало да почекаат екстрадиција во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костовски: Безбедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев
Денеска јавноста очекуваше дека Панче Тошковски на прес-конференцијата ќе си поднесе оставка и ќе го разреши директорот на БЈБ Александар Јанев, како и началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски од функција. Но ова не се случи. Денеска Тошковски, наместо одговорност, на прес конференцијата рече дека полицијата одговорила соодветно и навремено. Ако било така Тошковски треба да одговори: Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се делува превентивно и ова да не се дозволи? Што работат АНБ и БЈБ и како се дозволи да ескалира состојбата до ова ниво? Зошто дозволија ваков понижување на Македонците и македонската држава? вели на прес-конференција Мартин Костовски од СДСМ.
„Понатаму, зошто не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје? Тој не одговори на ова прашање. Македонското знаме беше запалено, а воедно се пукаше со автоматски оружја, што претставува не само кривично дело, туку и закана за безбедноста на граѓаните.
Факт е дека Тошковски и МВР беа целосно во бунило за она што се случи вчера, без воопшто да бидат фактор на стабилност во тие критични моменти. Лесно можеше да се случи да имаме жртви, а тоа можело да се превенира ако МВР имале навремени информации и постапеле превентивно.
Понатаму, она што е очигледно е дека МВР под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски, кој да се потсетиме, на функција е од јануари или речиси цела година, немаат контрола над бандите и криминалот во државата.
Оваа кулминација на состојбата е резултат на хаосот кој го создаваат додека бандите и криминалците се без контрола. Да се потсетиме дека за помалку од една година имаме преку 20 вооружувани инциденти, убиства и обиди за убиства. Секојдневно се пука по улиците во Скопје и ова што вчера се случи е последен од низата настани кои потврдуваат дека Тошковски нема никаква контрола над безбедносната ситуација“, истакна Костовски.
Македонија
Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик, што ќе биде дом на многу спортски клубови
Нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови. Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“, истакна премиерот Христијан Мицкоски за реконструкцијата на „Расадник“.
Најави дека Владата ќе продолжи да инвестира а капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде прв приоритет.
„Нема да застанеме тука, во периодот што следи очекувајте уште многу инвестиции, во сите општини на целата територија на државата. На почетокот од следната година имаме нов повик за општините да аплицираат со нови проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните.
Ќе се бориме со многу работа со многу труд, со многу енергија, против сите оние коишто сакаат да не влечат назад во минатото. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас како Влада, а јас како прв човек на Владата ќе продолжам да работам во таа насока“, напомена Мицкоски.
Ја истакна како што рече, посветената работа и на министерот и на градоначалникот.
„Едниот во Министерството за спорт, другиот тука во општината. На советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, пратениците и сите добронамерници, бидејќи навистина можеме со дела да покажуваме колку си ја сакаме татковината и јас мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме како луѓе коишто во одреден период во својот живот во политиката имаат можност да остават трајни вредности“, кажа Мицкоски.
Македонија
Етнонационализмот е поттикнат од опозициските партии, велат од Демократскиот сојуз
Демократски сојуз најостро го осудува палењето и кинењето знамиња на Македонија, на прославата на Денот на Албанското знаме и бара продлабочена истрага и одговорност од директните учесници и од поттикнувачите на овие антидржавни и антимакедонски активности, велат од оваа партија.
„ДУИ подолго време преку дезинформации за наводна незастапеност на Албанците во власта, укинување на балансерот за кој тие се залагаа, за наводна загрозеност на употребата на албанскиот јазик, етничко чистење на институциите итн, поттикнува етнонационализам насочен кон дестабилизација и блокирање на институциите да работат на откривање и документирање на криминалот во кој се вклучени и нивни кадри.
Демократски сојуз бара многу поорганизиран и неселективен пристап во борбата против тешките облици на криминал кои ги блокираат реформите, владеење на правото и развојот на државата.
Овие настани ја детерминираат и потребата од брзи реформи на судскиот систем и кадровското екипирање на виталните државни институции“, се додава во соопштението.
Овие националистички испади со палења на знамиња и пукање по плоштадите и улиците, според Демократскиот сојуз, ги загрозува и евроинтеграциите на Македонија.