Свет
Мароканскиот крал помилува 350 затвореници
Мароканскиот крал Мохамед Шести помилува 350 затвореници на празникот Курбан бајрам, соопшти мароканското Министерство за правда.
Казната е намалена за 315 затвореници, на 16 им е простен преостанатиот период од казната, а на останатите казните им беа укинати, објави „Мароко ворлд љуз“.
Како што е наведено, кралските помилувања во Мароко се вообичаени при одбележување на националните и верските празници.
Курбан бајрам или празникот на жртвување го слават муслиманите во целиот свет, во Мароко се одбележува на 12 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот
Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако е измерена температурата.
Се очекува дека 2025 година ќе го собори рекордот од 2020 година.
Стакленичките гасови, кои првенствено доаѓаат од фосилни горива, продолжуваат да се таложат во атмосферата, загревајќи ја планетата.
Затоа научниците веќе се прилично сигурни дека и следната година веројатно ќе донесе високи дневни температури.
Свет
ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина Петр Марез.
Мареш во интервју за „Известија“ изјави дека ќе почне да го подготвува Киев за влез во ЕУ и НАТО.
„Нема да им испраќам Ф-16, тенкови Абрамс или ракети, но ќе ги подготвам за идното партнерство на Украина и членството во ЕУ и НАТО – тоа се моите задачи“, рече Марез.
Свет
Најмалку 35 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа
Најмалку 35 Палестинци загинаа рано утринава во израелско бомбардирање на различни области во Појасот Газа, јавува палестинската новинска агенција ВАФА.
Според извештајот на агенцијата, седум лица, меѓу кои жени и деца, загинале во бомбардирањето на станбена зграда во градот Газа.
Агенцијата додава дека 15 лица загинале во бомбардирањето на куќа во кампот кај Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа каде што се засолнувале раселените.