Свет
Протести во Кашмир, Индија најавува ублажување на рестрикциите
Советот за безбедност на ОН денеска зад затворени врати на барање на Кина и Пакистан расправа за ситуацијата во Кашмир по одлуката на Индија да го укине автономниот статус за дел од тој проблематичен регион под нејзина контрола.
Амбасадорите за ситуацијата во Кашмир ги брифираа заменикот на генералниот секретар на ОН, Оскар Фернандес Таранко и воениот советник на ОН, генерал Карлос Умберто Лоитеј, пренесе агенцијата АП.
Генералниот секретар на организацијата „Амнести интернешнл“, Куми Наиду, изјави дека членовите на Советот за безбедност треба да имаат предвид дека нивниот мандат ги обврзува да го заштитат меѓународниот мир и безбедност и дека треба да бараат решение со кое човековите права на жителите на Кашмир ќе бидат ставени во прв план.
Во меѓувреме, стотици луѓе протестираат во индискиот дел на Кашмир, додека владата во Њу Делхи го увери Врховниот суд дека ситуацијата во спорниот регион е под контрола и дека безбедносните ограничувања ќе бидат укинати во следните неколку дена.
Демонстрантите носеле зелени муслимански знамиња и транспаренти со натпис: „Стоп за геноцидот во Кашмир. Свету, разбуди се“. Маршот се одвивал низ улиците на Шринагар, главниот град на Кашмир, контролиран од Индија.
Кашмир се наоѓа меѓу Индија, Пакистан и Кина и секоја од овие три држави има контрола над еден дел од територијата.
Откако Индија се стекна со независност од Велика Британија во 1947 година, под притисок од Муслиманската лига беше решено да се создадат две држави: Индија и Пакистан.
Следната година се случи првата од двете војни меѓу овие земји за контрола на Кашмир.
Војната заврши со поделба на регионот, иако двете страни полагаат право на целата негова територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

