Свет
(Видео) Застреланиот тобакобос во Јоханесбург нуди милион евра за информации за напаѓачот
Јужноафриканскиот тобакобос Симон Радланд беше нападнат во Јоханесбург минатата недела. Тој бил застрелан додека бил во својот автомобил пред Здружението за независна трговија со тутун (ФИТА), во кое членува.
Тој рече дека е стопроцентно убеден дека неговите ривали стојат зад обидот за убиство. Кон него биле испукани девет куршуми, а го погодиле само три – два во задниот дел и еден во вратот. Тој го преживеал нападот.
Иако не добил смртни закани, Радланд не бил премногу изненаден од настанот. Трговијата со тутун во Јужна Африка е валкана игра, полна со насилство.
Ден по пукањето и операцијата во која му беше отстранет куршумот од вратот, Радланд се вратил на работното место. Компанијата „Голд лиф“ понуди парична награда за оние што имаат некои информации за напаѓачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај, била нападната во локалната библиотека, каде што непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа избегал.
Во нападот, Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифај е трет врз владин политичар за само неколку дена, пренесува „Ројтерс“.