Свет
Порошенко ќе оди во затвор или ќе ја напушти Украина

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко или ќе се соочи со затворска казна или ќе мора да ја напушти земјата соочен со кривичните предмети против него поведени врз основа на тужби поднесени од адвокатот Андреј Портнов, вели претседателот на Управниот суд во Киев, Павел Вовк, во интервју за „Гордон њуз“.
Тој е уверен дека Портнов ќе оди до крај со тужбите.
„Единствено што може да го запре е ако новата влада склучи договор со Порошенко за зачувување на неговиот имунитет. Ако тоа не се случи, Портнов ќе го добие спорот и Порошенко ќе мора некаде да побара политички азил или, во најлош случај, да оди во затвор“, истакна Вовк.
Тој исто така рече дека многупати бил поканет да се сретне со Порошенко и со членовите на неговиот внатрешен круг, кои ги искажале своите ставови за тоа како треба да работи судот. Вовк истакна дека ја слушнал нивната страна и изразил свое мислење.
„На Петро Алексеевич (Порошенко) не му се допадна моето мислење по ова прашање“, додаде претседателот на судот.
Во овој поглед тој ги спомена несогласувањата со поранешниот претседател во врска со два случаја од висок профил, што доведе до отворен застој меѓу владата и судот.
Според Вовк, еден од тие случаи се однесувал на тарифен спор помеѓу лидерот на партијата Баткившчина, Јулија Тимошенко, и владата, а вториот е поврзан со национализацијата на Приватенбанк.
Отворени се неколку случаи против Порошенко, кој е осомничен за велепредавство, злоупотреба на службената должност, перење пари, затајување данок, обид за узурпирање на судскиот орган и за незаконско именување министри во 2016 година кога во парламентот немаше коалиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.