Свет
Вториот човек на Венецуела ги негираше тајните преговори со САД
Диосдадо Кабејо, вториот човек на владата на Венецуела, ги отфрли обвиненијата дека тој бил вклучен во тајни преговори со администрацијата на САД, известува шпански Си-ен-ен.
Кабејо се изјасни на прес-конференција во Ла Гуаира, велејќи дека таков вид преговори се возможни само под четири услови.
„Под авторизацијата на претседателот Николас Мадуро, во врска со Венецуела, овде, во Венецуела, и со сопствениците на циркусот“, изјави Кабејо и упати шега на сметка на администрацијата на САД.
Според новинарската агенција АП, функционер близок до Трамп и неговата администрација се сретнал со Кабејо, кој се смета за најмоќниот човек во Венецуела, веднаш по Мадуро.
Кабејо, пак, се шегуваше со информациите што се ширеа на „Твитер“ и сподели една објава од еден корисник на мрежата во која беше напишано:
„Диосдадо тајно се сретна со еден ‘гринго’ со цел да скова таен план и да го саботира Николас, кој не знае ништо бидејќи кога би знаел, тоа не би било тајно. Значи, не кажувајте ништо, ако се дознае тајната, планот нема да успее. Искрено ваш, АП“.
Уште од почетокот на годината во Венецуела владее политички немир поради борбата за моќ меѓу Мадуро и поранешниот претседател Хуан Гвидо.
Во јануари годинава Гвидо се прогласи себеси за претседател на Венецуела, а изборот на Мадуро го прогласи за лажен.
Овој потег на Гвидо беше признат од страна на повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови забележани над воена база во Белгија: полициски хеликоптер ги следеше, па ги изгуби
Четири дронови беа видени синоќа над белгиската воена воздухопловна база Клајне-Брогел, која ја користат силите на НАТО, во најновиот од неколкуте инциденти пријавени за време на викендот.
Белгиската новинска агенција Белга ги објави видувањата, повикувајќи се на локалниот градоначалник Стивен Матеи. Полициски хеликоптер ги следеше, но на крајот исчезнаа на север кон Холандија.
Дронови беа видени и во ноќта од сабота кон недела.
„Беше користен попречувач, но се покажа како неуспешен. Полициски хеликоптер и возила го гонеа дронот, но го изгубија по неколку километри на север“, извести за инцидентот белгискиот министер за одбрана Тео Франкен.
Министерот ги опиша дроновите како големи модели и рече дека „не станува збор за редовно прелетување, туку за јасна мисија насочена кон Клајне-Брогел“. „Тие летаа на голема надморска височина“, истакна тој. Истрагите се во тек.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан
Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа најмалку 20 лица, а околу 150 беа повредени, соопштија покраинските власти.
Геолошкиот завод на САД (USGS) соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 28 км во близина на Мазар-е Шариф, град со околу 523.000 жители.
CCTV footage shows the moment a strong M6.3 earthquake struck Mazar-e-Sharif, Afghanistan, a short while ago. pic.twitter.com/NX0o04Ggi5
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 2, 2025
„Вкупно 150 повредени и 20 мртви лица се пријавени до утрово и се префрлени во здравствени центри“, изјави за Ројтерс Самим Џојанда, портпарол на здравствените служби во Саманган, планинска северна покраина во близина на Мазар-е Шариф.
Бројот на жртви е базиран на болничките извештаи собрани до понеделник наутро, рече тој.
USGS издаде портокалово предупредување на својот PAGER систем, автоматизиран систем кој дава информации за влијанието на земјотресот, што укажува дека „веројатни се значителни жртви и дека катастрофата е потенцијално широко распространета“.
A powerful earthquake struck northern Afghanistan in the middle of the night, causing houses to collapse while residents were deeply asleep, resulting in numerous fatalities. pic.twitter.com/t4x6dNmwdQ
— Nilofar Ayoubi 🇦🇫 (@NilofarAyoubi) November 2, 2025
Земјотресот уништи дел од светото место Мазар-и-Шариф, изјави Хаџи Заид, портпарол на покраината Балх, мислејќи на Сината џамија. Националната агенција за катастрофи соопшти дека извештаите за жртвите и штетите ќе бидат објавени подоцна. Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди обемот на штетата од земјотресот.
фото: принскрин
Регион
Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна
Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да излезат на улица синоќа.
„Катастрофа од човек кој, за наше големо жалење и уште поголем срам, беше претседател на Република Србија, повикува на граѓанска војна. Тој похотливо и екстатично повикува луѓето да излезат на улица и да ги нападнат своите соседи, пријатели, членови на семејството, познаници. Тој не повикува на дијалог и смирување на тензиите, не, тој повикува на насилство. Дури и за човек кој изјави на ХРТ дека не е толку горд што е претседател на Србија, тоа е многу“, напиша Брнабиќ на Икс.
Несрећа од човека који је, на нашу велику жалост и још већу срамоту, био председник Републике Србије позива на грађански рат. Сладострасно и усхићено позива људе да изађу на улице и нападну своје комшије, пријатеље, чланове породице, познанике. Не позива на дијалог и смиривање… https://t.co/J1tf4QDrSC
— Ana Brnabic (@anabrnabic) November 2, 2025
Вчерашниот ден беше обележан со тензии пред српското Собрание во Белград. Голем број граѓани се собраа во поддршка на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која започна штрајк со глад.
Во исто време, поддржувачи на владата се собраа и во близина, во шаторска населба позната како Чациленд. Меѓу двете групи имаше голем кордон од полиција за немири. Летаа шишиња и пиротехника.
Svi moramo stati uz Dijanu Hrku u borbi u koju je danas krenula!
To je borba žene koja je izgubila dete. Borba žene koja je nakon te strašne tragedije prošla i kroz godinu dana nepravde u kojoj NIKO nije odgovarao za smrt njenog deteta i drugih 15 nedužnih ljudi. Borba žene…
— Boris Tadić (@BorisTadic58) November 2, 2025
Додека пред српскиот парламент се одвиваа судири, Тадиќ напиша на Икс: „Во овие околности, тактички е важно секој што не може да дојде во Белград да организира протести во своите градови низ Србија! На овој начин, ја ослабуваме моќта на режимот да се спротивстави на масовните демонстрации во поддршка на Дијана Хрка во Белград. СИТЕ НА УЛИЦИ! ДО ПОБЕДА!“
U ovim okolnostima taktički je važno da svi koji ne mogu da dođu u Beograd organizuju proteste u svojim gradovima širom Srbije!
Na taj način slabimo snagu režima da se suprotstavi udarnim protestima podrške Dijani Hrki u Beogradu.
SVI NA ULICE!
DO POBEDE!
— Boris Tadić (@BorisTadic58) November 2, 2025
фото: принтскрин

