Македонија
(Видео) Арсовски: Јанева нема капацитет сама да даде исказ, па отиде со адвокат
Денешното сведочење на Катица Јанева е сè освен професионално водење на истрагата со цел откривање на нарачателите на рекетирањето, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Јанева доаѓа да даде исказ како сведок во присуство на адвокат. И тоа не кој било, туку адвокат на еден од таргетите во случајот ‘Империја’, случај што е конструиран по истекот на законскиот рок за постапување на СЈО, само и само за да се рекетираат бизнисмените“, кажа Арсовски и додаде дека од ова не постои поголема иронија и поголемо потценување на интелигенцијата на граѓаните.
Партискиот портпарол посочи дека доколку Јанева сакала да ѝ помогне на истрагата тогаш ќе дојдела сама и ќе кажела сè што знае за нарачателите.
„Адвокатот ѝ треба само за да се прикријат дупките и за да се има контрола врз сè она што ќе каже, бидејќи очигледно Катица Јанева нема сама капацитет да отиде и да даде исказ во обвинителство“, нагласи Арсовски.
Тој се задржа и на тоа како на сослушувањето Јанева дошла со службено возило и личен возач со цел, како што кажа, да демонстрира сила и моќ, но посочи дека тоа е класична злоупотреба на ресурсите што ги плаќаат граѓаните.
Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека целта на Вилма Русковска не е да дојде до главата на октоподот.
„Нејзината цел е да се сокријат трагите што може да доведат директно до Зоран Заев и до разноразните Кики, Фрики и Шеки од власта“, порача тој, но додаде дека добра вест во целата приказна е што претстои обнова на Македонија, и тоа многу брзо.
„Откако правдата ќе се врати, одговорност ќе сносат и оние кои помагаа, но и оние коишто ги извршија сите овие случаи и оние коишто помагаа да се забошотат сите овие случаи. Одговорност мора да има“, нагласи Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

