Забава
Актерот Бардем ја пофали Грета Тунберг истакнувајќи дека таа е промената

Шпанскиот актер, оскаровецот Хавиер Бардем (50), во говорот одржан во понеделникот во ОН ја пофали младата активистка Грета Тунберг, која се залага за заштита на климата нарекувајќи ја составен дел од општествените промени.
„Таа е промената“, рече Бардем.
Гласот на 16-годишната Швеѓанка е значаен во дискусиите за климатските промени токму поради нејзината возраст, знаење и посветеност, рече тој. Тунберг е инспирација за нејзината генерација затоа што, повикувајќи на протести, предупредува на опасностите од климатските промени, рече актерот.
Гласниот поборник за заштита на животната средина, Бардем, зборуваше во ООН како претставник на „Гринпис“, кој се залага за договорот за океаните да се дискутира во Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Џорџ Клуни ја врати својата природна боја на косата: „Изгледав како дилер на дрога“

Џорџ Клуни ги привлече погледите на црвениот тепих на 78-мото доделување на наградите „Тони“ во својот препознатлив стил – со својата природна, седа коса што реши да ја врати по долго време.
Познатиот актер ја доби својата прва номинација за наградата „Тони“ оваа година, благодарение на улогата во бродвејската претстава Good Night, and Good Luck.
Претходно тој ја обои косата во темна боја за да личи на новинарот Едвард Р. Мароу што го играше, но по завршувањето на претставата, реши да се врати на својата природна боја – што особено ја израдува неговата сопруга Амал.
„Мојата сопруга беше најсреќната личност кога се вратив дома и сè ишишав“, рече 64-годишниот Клуни на црвениот тепих.
„Изгледав како дилер на дрога со таа лоша црна боја за коса“, додаде тој.
Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.
Забава
(Фото) Најпопуларниот маникир на сезоната: нокти со цреши

Кога треба да смислите идеи за вашиот летен маникир, „нокти со цреши“ веројатно не е првото нешто што ви паѓа на ум.
Сепак, ова лето работите се менуваат и ако внимателно ги следите инфлуенсерите на социјалните медиуми или познатите личности како Хејли Бибер и Кортни Кардашијан, ќе забележите дека маникирите инспирирани од цреши се голем тренд ова лето.
Накратко, маникирите со цреши и овошја воопшто се поврзани со чувство на безгрижност и носталгија, без разлика дали станува збор за аутфит (облека, додатоци итн.) или за нашиот маникир. И како и со повеќето трендови, постојат толку многу начини да се усвои трендот на нокти со цреши.
Инстаграм е полн со инспирација за нокти, почнувајќи од класични комбинации како проѕирна основа со мали црвени цреши, до безвременски техники како францускиот маникир, па сè до поуникатни идеи како комбинирање на трендот на нокти со хромирани нокти со цреши.