Свет
Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин
Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за киднапирање, силување и убиство на 19-годишната студентка Мелиса Тротер и сè до смртта тој тврдеше дека е невин.
„Боже, прости им, не знаат што прават“, биле неговите последни зборови.
Студентката од колеџот „Монтгомери“, Мелиса Тротер, последен пат била видена жива на 8 декември 1998 година, а нејзиното тело било пронајдено 25 дена подоцна во Националната шума Сем Хјустон.
Сверинген во неколку наврати се обидувал да ја побие пресудата тврдејќи дека таа е направена врз основа на посредни докази и сомнително форензичко истражување, а самата смртна казна била одложувана петпати.
Сведоците тврделе дека го виделе Тротер како го напушта кампусот на 8 декември во придружба на Сверинген.
Фактот дека жената на Сверинген открила запалка и кутија цигари во приколката се користела како доказ, иако ниту таа ниту Сверинген не бил пушач.
Меѓутоа, неговите адвокати посочија на ДНК пронајдена под ноктите на жртвата, која не му припаѓала на Сверинген.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Знаеме за планот на руските сили да ја пробијат одбраната на регионот Харков
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинското воено-политичко раководство има информации за обемот на руските сили и нивниот план да ја пробијат одбраната на регионот Харков, додавајќи дека украинските одбранбени сили им даваат отпор на руските војници.
„Главната цел е регионот Харков. Руските војници денеска се обидоа да ги прошират операциите против Украина“, рече Зеленски во видео порака и посочи дека вооружените сили на Украина се зајакнати во правец на Харков.
„И долж нашата државна граница и по целата линија на фронтот, ние секогаш ќе го уништуваме окупаторот за да ги спречиме сите руски офанзивни намери“, рече тој, пренесе Интерфакс Украина.
Зеленски изјави дека сега се прави се’ што е потребно за да се заштитат сите позиции, додавајќи дека во исто време е важно партнерите да го поддржат Киев со навремени набавки.
Свет
Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот
Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа да се евакуираат додека ја продолжува операцијата против Хамас во тој град.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Авичај Адрае на платформата „Икс“ објави список на нови зони во Рафа од кои треба да се евакуираат Палестинците.
Цивилите се повикани да се евакуираат во проширената хуманитарна зона во областите Ал-Маваси и Кан Јунис. Адрае ги предупреди Палестинците да не се движат кон израелската граница, објави „Тајмс оф Израел“.
Овој потег доаѓа откако израелскиот воен кабинет гласаше во четвртокот вечерта за одобрување „ограничено проширување“ на воената операција во Рафа.
ИДФ во понеделникот започна со евакуација на Палестинците од источната периферија на Рафа, пред израелските сили да влезат во областа.
Околу еден милион Палестинци, кои избегаа од конфликтот во другите делови на енклавата, најдоа засолниште во Рафа. Повеќе од 150.000 Палестинци веќе го напуштија градот, објави Гардијан.
Издадена е посебна наредба за евакуација за областа Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, каде на жителите им беше кажано да се евакуираат во засолништата западно од градот Газа, рече Адрае.
Регион
„Ќе поведеме соодветни мерки“ – српското министерство за смртта на осомничениот за убиството на малата Данка
Министерството за внатрешни работи на Србија се огласи за наводите повзарни со смртта на осомничениот во случајот со убиството на малата Данка, а во објавеното соопштение наведуваат како полицајците се однесувале кон него.
„Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешна контрола, по наредба на Вишото јавно обвинителство прибираат информации и ги утврдуваат фактите и околностите под кои во Полициската управа во Бор почина Д.Д. осомничен во случајот со убиството на малата Данка. Полициските службеници за време на постапката, постапуваат во целосност и во согласност со законите и своите овластувања“, се наведува во соопштението.
Тие исто така забележуваат дека секој што придонел за смртта на осомничениот ќе биде кривично гонет.
„Доколку се утврди дека имало злоупотреби и пречекорувања на овластувањата при постапување со починатиот Д.Д., Секторот за внатрешна контрола ќе поведе соодветни законски мерки против лицата кои го прекршиле законот и полициската етика, а за тоа јавноста ќе биде информирана навремено“, се додава.
Осомничениот Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кому му беше одреден притвор до 48 часа поради сомнение дека му помагал на Дејан Драгијевиќ (50), осомничен за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ по криминал, почина на 7 април во Полициското одделение во Бор.
Според официјалното полициско соопштение, Далибор починал во притвор како последица на срцев удар.
Далибор Драгијевиќ беше уапсен на 6 април, заедно со неговиот татко Радослав, под сомнение дека му помагале на својот брат Дејан да го премести телото на убиената Данка Илиќ.
Далибор пред смртта признал дека му помогнал на својот брат Дејан да се ослободи од телото на Данка Илиќ. Тој ја водеше полицијата на неколку локации, но телото на Данка Илиќ не беше пронајдено на ниту една од нив.
Ненадејната смрт на братот на убиецот може да влијае на истрагата, бидејќи тој беше еден од трите клучни луѓе кои можеа да и помогнат на полицијата во потрагата по телото на Данка.