Македонија
Потпишани три билатерални договори за меѓународна соработка со Казахстан
Во функција на подобрување на односите и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан, Министерството за правда на Република Северна Македонија и Генералното обвинителство на Република Казахстан денеска во Министерството за правда потпишаа три билатерални договори за меѓународна соработка и помош.
Потписник на овие договори беше министерката за правда, Рената Дескоска, и генералниот обвинител на Република Казахстан, Гизат Нурдаулетов.
На средбата министерката Дескоска истакна дека ѝ претставува голема чест и задоволство да ги потпише билатералните договори од областа на меѓународната правна помош. Станува збор за три договори за соработка: договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за екстрадиција; договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за меѓусебна правна помош во кривичната материја; договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за трансфер на осудени лица.
„Потпишувањето на овие договори е од големо значење за нашата држава и по нивното стапување во сила, нема да биде оставен никаков простор за избегнување на правдата со искористување правен вакуум помеѓу двете држави. Со потпишувањето на овие три договори затворивме уште една рута од патот што Репубика Северна Македонија го оди во борбата против криминалот и отворивме врата за успешна соработка помеѓу двете држави“, истакна министерката Дескоска.
Од осамостојувањето Република Северна Македонија со Република Казахстан немаше склучено билатерален договор, а со оглед дека Република Казахстан не е потписник на конвенциите од областа, помеѓу државите претходно не постоеше правен основ за постапување по предметите за екстрадиција, трансфер и меѓусебна правна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

