Македонија
Директорката на „Групер“, Нина Ангеловска, ќе биде нова министерка за финансии
На седницата на Централниот одбор СДСМ вечерва одлучуваше за неколкумина кандидати за нови министри и заменик-министри.
По завршувањето на седницата, премиерот и претседател на партијата, Зоран Заев, најави дека утре ќе достави предлог до Собранието за нов министер за финансии да биде назначена Нина Ангеловска, која во јавноста е позната како еден од основачите и директорка на компанијата „Групер“ и е добитник на наградата „Форбс 30“.
Заев најави дека ќе достави и предлог за нов заменик-министер за образование и наука – Елизабета Наумовска.
Заменик-министерот за економија, Кире Наумов, ќе биде разрешен бидејќи ќе добие нова позиција како директор на Македонската банка за поддршка на развојот, а на негово место Заев ќе го предложи Кирил Колемишевски.
За заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи со заедниците ќе биде предложен Неџат Мехмедовиќ.
Како што кажа Заев, со овие решенија се испраќа порака дека младите со својата енергија и инвентивност може да бидат корисни дома, а не само надвор од Република Северна Македонија.
„Општеството знае да препознае и да даде шанса секој да се вгради низ институциите на системот и да даде придонес во севкупниот раст и развој, соовременување и модернизирање на општеството и нашата земја“, порача тој.
На Централниот одбор на СДСМ беше донесена и одлука да се изберат и пет потпретседатели на партијата.
Така, на овие позиции во иднина ќе бидат актуелната министерка за труд и социјала, Мила Царовска, Коста Петров, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пратеникот Мухамед Зекири и министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

